5 работи кои вашите пријатели со функционална депресија и анксиозност сакаат да ги разберете

Може да се случи секому околу вас. Помислете на кој било човек од вашиот живот. Може да биде мајка, татко, брат, сестра, колега, па дури и некој што ви е идол. Најстрашното нешто за функционалнитa депресија и анксиозноста е тоа што не се гледаат јасно. Некогаш дури и луѓето кои секојдневно ги гледате можат многу добро да го скријат овој проблем.

raboti-koi-vashite-prijateli-so-funkcionalna-depresija-i-anksioznost-sakaat-da-gi-razberete-kafepauza.mk

Кога сте болни можете да одите на доктор, да земете лекови и да оздравите, и сето тоа релативно брзо. Секако има лекови и за овие проблеми, но ситуацијата не е толку едноставна. Особено кога станува збор функционална личност која секојдневно се бори со овие „демони“.

Не е воопшто лесно да им се објасни на луѓето. Некогаш може да биде многу тешко да се обидете да му објасните некому дека страдате од депресија и анксиозност кога сте функционален член на општеството што секојдневно се буди и оди на работа и воедно одржува здрави врски со другите луѓе. Токму затоа и им е многу тешко да го разберат овој дел. За голем дел од нив е речиси невозможно да разберат како може да страдате кога вашиот живот изгледа успешен и исполнет со среќа.

1. Тоа е чувството кога имате многу пријатели, но некои денови не сакате воопшто да ги видите

Како најдружељубивиот човек да им објасни на пријателите зошто никаде не се појавува со денови? Како можете да објасните дека некои денови болката, депресијата и анксиозноста ве „дават“ и не можете да се натерате да бидете присутни?

2. Тоа е чувството кога сте преморени иако сте спиеле многу часови

Го знаете чувството кога без разлика колку долго сте спиеле, сепак сте уморни? Епа ова доаѓа од никаде. Може да се случи кој било ден, го цица животот од нив и прави сè да изгледа невозможно, освен останувањето во кревет.

3. Тоа е чувството кога постојано мислите дека сте разочарале некого, иако не сте направиле ништо погрешно

Одеднаш почнувате да чувствувате дека некој ви се лути. И најмалата негативна реакција од вашите блиски може да ве натера да почнете со бескрајното мислење за тоа што сте згрешиле и зошто таа личност ви се лути.

4. Тоа е преплашување да не изневерите некого, дури и на деновите кога вашата болка ве заградува

Вие сте задоволувачи на луѓе. Сакате секој да го направите посреќен. Создавате планови и обврски, па морате да се појавите. Нема шанси да објасните дека не се чувствувате добро и да кажете зошто не се отишле. Има луѓе кои сметаат на вас.

5. Тоа е постојано самокритикување, премногу работење и чувство дека што и да направите никогаш нема да биде доволно

Колку напорно и да работите, сепак чувствувате дека можете подобро. Без разлика какви награди и комплименти ви се упатени, вие едноставно не гледате така. Нема врска колку сте успешни, секогаш постои некој што е подобар од вас и вие постојано морате да се туркате кон таа цел – дури и кога тоа ве преморува.

Прочитајте и за знаците на депресија и анксиозност што можат да се забележат уште кај новороденчињата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар