9 неопходни нешта за совршено викенд патување

Автор: Софија Сионова

Викендот е одличен период за да исчезнете од бучавата и нервозите на место каде што би можеле да се опуштите. Но додека се стигне до летниот одмор и релаксирањето на плажа, за некои од нас има уште многу време. Затоа постојат малите викенд патувања. А пред да заминете, треба добро да ги спакувате сите потребни работи. Општо познат факт дека најлошиот дел од одморот е самото заминување, при што најмногу нѐ мачи старото познато прашање: „Што навистина треба да спакувам?“ Погледнете што сѐ би требало да се најде во куферот пред да заминете.

Woman Trying To Close Overfilled Suitcase - Isolated

1. Обична црна маичка

Црната маичка е како кафе за вашиот гардеробер: најдобро е кога е црна, едноставна и без многу додатоци. Таа е важен дел од вашата облека, дури и кога временските услови не се најпогодни. Зошто црно? Затоа што во комбинација со правилните парчиња лесно можете да се извлечете без многу труд.

2. „Бојфренд“ џинс

Вашите тесни фармерки искрено и не се најлесното парче за бројни комбинации. „Бојфренд“ џинсот се многу поповолна и подобра опција, а еве две причини зошто:

  • Необични се.
  • Нивниот широк крој е многу поудобен при долги возења со авион, воз или во кола.

2-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mk

3. Сандали од кафеава кожа

Одлични за секојдневни прошетки. Удобноста е на прво место, а и неутралната боја изгледа одлично со сѐ (дури и со еднобојната црна маица).

4. Шешир

Планирате да се изложувате на сонце? Не заборавајте го шеширот! Не само што ќе го заштити лицето од штетните зраци, туку и го разубавува изгледот.

3-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mk

5. „Голи“ потпетици

Спремни за вечерта! Не постои комбинација која шпиц штиклите во кожа боја не ја разубавуваат. Плус, од сите видови потпетици тие се најубави, затоа што ќе ве издолжат и ќе го истакнат вашето прекрасно КБФ (Што е КБФ? Прочитајте подолу.)

6. Бел блејзер

Ништо не имплицира на летен шик како класичниот, струкиран бел блејзер. Наметнете го преку црната маичка со светло кафените потпетици и спремни сте за рефлекторите.

4-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mk

7. Кратко бело фустанче (КБФ)

Сите знаеме за КЦФ (краткиот црн фустан), но тука е и краткото бело фустанче. Го истакнува чоколадниот тен кој тешко се добива, а за транзиција од дневен во ноќен изглед потребна е само промена на чевлите.

5-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mk

8. Чанта со средна големина

Супер за топлите летни денови. Одлична за носење на фотоапаратот, очилата за сонце како и џемперот (никогаш не се знае кога ќе залади).

9. Плик чанта

Нема прилика каде што не се носи. Најубави се со забавен или графички принт за да додаде шаренило на монотоната комбинација.

6-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mk

Како да се спакувате?

1. Запомнете дека сите работи кои ќе се најдат во куферот мораат да си одговараат меѓусебно за да можат лесно да се комбинираат. Помалку време покрај огледалото = повеќе време на плажа.

2. На меките парчиња (тренерки, маички, џемпери) при пакување им треба помал простор, а на оние со погруби материјали (блејзери, фармерки, јакни) им треба повеќе место. За меките е подобро да се во долниот дел од куферот, завиткани во ролни, а погрубите здиплени во горниот. Така ќе имате повеќе исполнет простор, а и облеката нема да се изгужва.

3. Најлесен начин за пакување на шапките е ставањето на предмети кои би спречиле нивно кршење. Најдобро место е во најдолниот дел од торбата. Над неа внимателно е најдобро да се стави меката облека околу рабовите на капата.

4. Искористете го просторот во чевлите – балетанките и патиките имаат многу место кое што може да се искористи за чување на полнач за телефонот, чорапи, лакови за нокти, па дури и очила за сонце.

5. Малите предмети како долната облека и пижамите можат да го пополнат празниот простор меѓу околу облеката.

6. Блузите, фустаните и другите нежни парчиња облека треба да бидат на врвот од куферот.

7. Избегнување на незгодни ситуации – при завршување на пакувањето ставете пластична кеса преку облеката и особено внимавајте да бидат покриени рабовите. Ако нешто се зафати кога го отворате вашиот куфер тоа ќе биде ќесата, а вашиот нежен фустан ќе биде целосно заштитен.

8. Никако не заборавајте ги вашите креми за нега и маслата за сончање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар