8 вежби што согоруваат повеќе калории од трчањето

8 вежби што согоруваат повеќе калории од трчањето

На сите што планираат да ја намалат телесната тежина, трчањето е меѓу првите вежби што им паѓаат на ум. Дефинитивно може да се каже дека ова е ефикасен начин да ослабите: ако личност што има 70 кг трча 30 минути со 5 км на час, треба да потроши околу 300 калории. Сепак, некои луѓе не сакаат да трчаат, можеби затоа што чувствуваат болки во колената и зглобовите или затоа што мислат дека е досадно. Погледнете со кои други вежби можете да согорите повеќе калории отколку со трчањето.

1. Скокање со јаже – 372 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Ова не е само популарна детска игра, туку е вообичаена вежба кај многу спортисти. Скокањето со јаже може да биде одлична кардио вежба, а помага и при координација и тајминг.

2. Пливање – 409 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Пливањето е одлична опција за согорување калории и истовремено за спречување на многу болести. Тоа е ефикасен начин да се избегне дијабетес, мозочен удар и други форми на срцева слабост. Исто така, помага за зајакнување на мускулите.

3. Качување по карпи – 409 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Ова е возбудлив и забавен начин да потрошите калории. Качувањето по карпи ги активира речиси сите мускули на телото, а неговите придобивки може да се почувствуваат дури и кај вашето ментално здравје бидејќи ги зголемува фокусот и ефикасноста.

4. Возење велосипед – 614 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Согорувањето на калориите преку возење велосипед, исто како трчањето, зависи од интензитетот на тренингот. Возењето велосипед не само што го подобрува здравјето на мускулите и на срцето, туку е и еколошки начин на транспорт.

5. Степ аеробик – 372 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Аеробикот е една од најпривлечните активности во спортските сали, обично придружена со музика за подобрување на расположението. Оваа вежба не е добра само за согорување калории, туку и за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Бидејќи аеробикот не ги оптоварува зглобовите, може да го прават и луѓе со остеопенија или остеопороза.

6. Елиптичен тренинг – 335 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Елиптичните справи за вежбање се добри за вежбање на целото тело. На овој начин ќе го обликувате и долниот и горниот дел од телото. Ваквиот вид тренинг е идеален за жените кои сакаат да се вратат во форма по бременоста.

7. Бурпи – 316 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Ова може да биде една од најдинамичните калистенични вежби – го користите сопственото тело за да вежбате, со минимална или никаква опрема. Бурпите создаваат мускулен одговор на целото тело, што ви овозможува да потрошите до 10 калории во една минута, во зависност од интензитетот.

8. Ракомет – 446 калории

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Ракометот е меѓу оние спортови со кои се согоруваат најмногу калории бидејќи играчите се движат цело време во текот на натпреварот.

Бонус: Играње со деца – 372 калории (1 час)

8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањето

Еден час играње со вашите деца може да биде доволно за да потрошите голем број калории. Мајките со мали деца кои немаат време да одат во теретана можеби ќе бидат среќни кога ќе дознаат за ова.

Забелешка: Вредностите споменати погоре се сметаат за просечно согорување калории кај лице кое има околу 70 кг, изведувајќи ги споменатите вежби во времетраење од 30 минути, освен каде што е наведено поинаку.

Погледнете ги овие вежби со тегови за обликување на нозете и задникот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар