8 ретро подароци кои сè уште треба да ги подаруваме

8 ретро подароци кои сè уште треба да ги подаруваме

Кога се работи за одбирање подароци денес постојат премногу опции и убави работи кои можеме да им ги поклониме на драгите личности. Она што некогаш си го подарувале меѓусебно луѓето денес се смета за старомодно, но всушност се работи за вечни класици кои би сакале да ги подаруваме, но и да ги добиеме. Бидејќи подарокот не се одбива, направете мудар избор при неговото осмислување. Секогаш кога ви недостига инспирација, можете да подарите некој од овие 8 ретро подароци! Ве уверуваме дека нема да погрешите.

1. Стаклена тегла со храна

Домашниот џем од јагоди е сладок подарок на кој сите ќе ви бидат благодарни. Немојте да заборавите да ја означите теглата и да го напишете датумот кога сте го подготвиле џемот.

2. Букет свежо цвеќе

Денес ретко се подарува цвеќе, а всушност тоа е прекрасен гест. Ако не сакате да поклоните само букет, можете да купите вазна и во неа да го ставите цвеќето.

3. Купени слатки

Ако немате време да направите нешто сами, а не сакате да купите обични грицки, секогаш можете да купите слатки како што се крофни, колачиња или кифлички.

4. Шише со омиленото вино

Луѓето сè помалку подаруваат шише со вино бидејќи се плашат дека нема да им се допадне на оние што им го подаруваат. Ако сакате овој дар да биде личен, подарете шише со вашето омилено вино.

5. Домашен десерт и слатки

Ако имате време, испечете пита или колач за кој знаете дека ќе ѝ се допадне на личноста на која ќе ѝ го дадете тој десерт. Ќе биде воодушевена со ова вкусно изненадување.

6. Растенија, цвеќиња или билки

Подарувањето растенија, цвеќиња или билки некогаш било многу популарно. Таквите подароци денес се многу посакувани, посебно кога станува збор за дар при вселување во нов дом.

7. Свеќа или етерично масло

Ако знаете какви мириси обожаваат луѓето на кои треба да им подарите поклон, тогаш свеќа или етерично масло е одлична идеја. Со таквиот убав гест ќе покажете колку добро познавате некого.

8. Врамена илустрација

Уште една работа која може да послужи како одличен дар за вселување. Секако не мора да биде исклучиво врамена илустрација, може да биде и постер или фотографија.

Што вие најмногу сакате да ви подаруваат?

Дознајте зошто е толку тешко да се одбере добар подарок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар