Како да проверите дали маслиновото масло е вистинско?

Ако готвите голема е веројатноста да користите маслиново масло. Освен што има феноменален вкус, тоа е многу здраво. Но, дали знаевте дека постои „лажно“ маслиново масло? Маслиновото масло е одлично за сè – готвење и прелив за салати, а се користи и во домашните рецепти за убавина. Ако не се разбирате многу во препознавање на вистинското од лажното, и ако немате пријатели кои се занимаваат со одгледување маслинки и преработка на масло – осудени сте да купувате во продавници и маркети. Во Европската Унија се произведуваат 70% од маслиново масло во светот, а поради големата конкуренција се прават различни измами – се меша маслиновото масло со други билни масла или намерно погрешно се означува квалитетот или видот.

Што треба да направите?

Ако купувате странско маслиново масло прво треба да го проверите датумот на шишето бидејќи угледните брендови означуваат на шишето кога се собрани маслинките. Целта е да биде понов датум на бербата, а ако не можете да видите никаков показател за берба на маслинките ставен на шишето тогаш треба да размислите дали да го купите тоа. Исто така, се препорачува да го побарате името на одгледувачот на маслинки. Ако марката има назив со името на етикетата тоа е добар знак.

Дали има печат?

Ако досега со тоа потенцијално шише сè е во ред, погледнете дали има печат од трета страна како што се на пример заштитни ознаки од ЕУ (или можеби други земји кои не се дел од ЕУ, како Австралија и Чиле кои не се добри земји кога ќе се помисли за сјајно маслиново масло бидејќи двете се прилично строги во поглед на производството). Ова би требало да ве осигури дека маслиновото масло задоволува одредени стандарди. Што се однесува до изборот со висока цена или подобра етикета – тоа не е гаранција дека тој производ треба да се купи.

Читајте го внимателно составот и уверете се дека не содржи некои додатоци кои не се пожелни. Со малку труд можете да го одберете вистинското маслиново масло кога следен пат ќе одите да го купите.

Дознајте кои се придобивките од секојдневното пиење маслиново масло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар