8 реченици кои не смеете да ѝ ги кажете на личноста која доживеала спонтан абортус

8 реченици кои не смеете да ѝ ги кажете на личноста која доживеала спонтан абортус

Бидејќи спонтаните абортуси се многу почести отколку што мислиме, многумина би помислиле дека постои повеќе разбирање околу давањето совети и утеха на оние кои минуваат низ една таква чувствителна ситуација. Меѓутоа, тоа не се случува, бидејќи до некаде сѐ уште е табу тема. Поголемиот дел од луѓето сметаат дека тоа е нешто за кое не би требало да се разговара или се преправаат дека не е некоја „голема работа“, но во реалноста, поддршката во тие тешки моменти е исклучително важна. Доколку познавате жена која имала спонтан абортус и сакате да ја утешите, ви претставуваме листа на фрази кои не би требало да ги изговорите.

1-8-rechenici-koi-ne-smeete-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-koja-dozhiveala-spontan-abortus-www,kafepazua.mk_

1. „И онака бебето не беше реално“

За многумина жени врската со нероденото дете започнува во оној момент кога ќе дознаат дека се бремени. Животот на тоа семејство уште тогаш се менува. Дури и доколку била бремена краток период, бебето било реално и постоело. За неа, бебето било многу повеќе отколку што мислите.

2. „Барем не си била долго време бремена“

Вистина е дека колку подолго сте бремени, толку повеќе компликации може да се случат во текот на абортусот. Иако таа фраза се обидува да ја намали нанесената болка, ништо не може да се промени. Болката, физичка и емоционална, е реална и во раниот стадиум од бременоста.

3. „Не било судено“

Оваа фраза во текот на жалењето поради загубата, може да предизвика сложени емоции кај личноста која пати. Таа може да помисли дека направила нешто погрешно или дека оние што ѝ ја кажуваат, мислат дека не сте подготвени да станете родители.

4. „Барем знаеш дека можеш да забремениш“

Многу жени од разни страни на светот секојдневно се борат за да останат бремени, а таа борба доаѓа со своја болка и жалост. Сепак, не постои причина зошто да го споредувате едниот проблем со другиот.

2-8-rechenici-koi-ne-smeete-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-koja-dozhiveala-spontan-abortus-www,kafepazua.mk_

5. „Тоа им се случува на сите, не е толку голема работа“

За многу жени кои бараат утеха, оваа реченица им го крши срцето. Спонтаниот абортус е чест случај, но тоа не значи дека на таа личност не треба да ѝ пружите утеха, потпора и здраво тагување кое доаѓа со него.

6. „Можеби си требала… или не си требала…“

За мајчиното срце може да биде голем удар кога ќе дознае дека нејзиното бебе повеќе го нема. Инстиктивно можеби ќе започне да се обвинува себеси и да се запрашува што направила погрешно и зошто нејзиното тело ја „изневерило“. Да ја слушне реченицата „Можеби си требала ова или можеби не си требала ова“ од некој што би требало да ѝ биде поддршка, може само да ѝ ја влоши состојбата.

7. „Ќе бидеш подобро за неколку дена“

За некои жени периодот на тагување после спонтаниот абортус е доста краток и тоа е сосема во ред. Сепак, за некои други, жалењето може да потрае и може да биде комплицирано од различни причини. Затоа, да му кажете некому дека сѐ ќе биде во ред за неколку дена, без разлика дали таа реченица доаѓа од доктор или некој пријател, е всушност погрешна. Психичките последици може да потраат неколку недели, а понекогаш и многу подолго, во зависност од самата личност.

8. „Биди благодарна за она што веќе го имаш“

Кога некој чувствува голема болка и тага, многумина од нас знаат дека зборот „издржи“ и не помага многу. Оваа фраза често им се вели на жените кои имаат едно постаро дете и моментално жалат за спонтаниот абортус. Без разлика на тоа колку деца родила жената, сосема е нормално да жали после прекинатата бременост.

Болниот период ќе помине, а секогаш можете да се информирате за тоа кога е вистинско време за нов обид.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар