8 мејкап совети што секоја природна црвенокоса девојка треба да ги знае

Дебра Месинг, Ејми Адамс, Џулиен Мур, Моли Рингвалд… не мора да продолжиме со набројување за да докажеме дека црвенокосите полека, но сигурно почнуваат да владеат со светот на модата. Па, ако и вие спаѓате во оваа категорија девојки, тогаш погледнете ги следните мејкап совети што треба да ги знаете доколку сакате постојано да изгледате беспрекорно.

1. Основата нека ви биде светла

Природните црвенокоси најчесто доаѓаат со светол тен. Дозволете ѝ на вашата природна боја на кожа да дојде до израз, и никогаш не се обидувајте да ги скриете пегите доколку ги имате.

2. Внимателно одберете бронзер

Држете се настрана од сè што е премногу златно или темно – овие бои може да изгледаат лошо на вашата кожа. Од друга страна пак, бронзерот или руменилото со праска боја е најдобриот начин да ја осветлите и стоплите вашата кожа.

3. Кога се двоумите, секогаш одбирајте праска

Како што бронзерот во оваа нијанса суптилно го нагласува вашиот тен, така и карминот со боја на праска може да го направи истото за вашите усни. Ова слободно може да ви биде секојдневна навика доколку сакате да изгледате неутрално, но средено.

4. Не ги правете веѓите премногу темни

Прескокнете ги темните нијанси кога ги пополнувате вашите веѓи. Наместо тоа, пробајте ја сивата боја со кафена основа. Поладните тонови ќе се истакнат во топлината на вашата коса и ќе изгледаат многу поприродно.

5. Но, трепките нека ви бидат што поцрни

Преземете го овој совет од неверојатната Дебра, чија шминка секогаш делува совршено во согласност со бојата на косата. Едноставно нанесете неколку слоја црна маскара и ќе добиете сличен ефект.

6. Бидете храбри со моливчето за очи

Вашите очи се единственото место на кое можете да додадете малку боја, бидејќи останатиот дел од лицето го одржувате неутрален.

7. Експериментирајте со сенка за очи

За секојдневна шминка, сите нијанси на сива боја со кафена основа или посветла кафена нијанса ќе ви помогне да изгледате неверојатно. Доколку сакате малку да се издвојувате, пробајте боја на слива или модар патлиџан – нијанси што совршено одат со бојата на вашата коса.

8. Црвениот кармин е дозволен во секоја ситуација

Идејата дека црвенокосите треба да избегнуваат црвен кармин е одамна застарена. Во комбинација со бронзена кожа, црешовите усни изгледаат навистина гламурозно покрај јагодовите локни.

Прочитајте и што треба да знае секоја црвенокоса девојка за својата коса.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар