Хороскопските знаци кои претерано многу живеат во минатото

Хороскопските знаци кои претерано многу живеат во минатото

Без разлика колку се трудат да останат во моментот и да живеат во сегашноста, едноставно нешто постојано ги влече наназад. Тие се „заробени“ во минатото и не можат да се оттргнат од него, притоа пропуштајќи многу поубави моменти на кои ќе треба да се навратат подоцна, кога ќе бидат во поблиска или подалечна иднина. Погледнете за кои знаци станува збор…

1. Овен

Пријателскиот Овен постојано наоѓа начини да учи вредни лекции од минатото, особено кога станува збор за доверба во луѓето. Но, најчесто токму овие навраќања во минатото го заробуваат во сеќавањата и не му дозволуваат да живее во сегашноста. Овенот дури и би се откажал од нови искуство доколку би можел да ги повтори старите.

2. Близнаци

Близнаците имаат многу убави сеќавања во минато, за кое веруваат дека е многу подобро од сегашноста. Тие имаат тенденција да го романтизираат минатото, правејќи го сеќавањето многу подобро одошто навистина е. Затоа и често можете да ги забележите како тивко се смешкаат додека преживуваат одново сеќавање од нивното фиктивно минато, целосно игнорантни за тоа што им се случува во моментот.

3.  Риби

Рибите живеат според високи стандарди кои биле создадени во далечното минато. Без разлика дали станува збор за нешто што им се случило во детството или пак, пред само неколку недели, сите сеќавања им се испреплетуваат со цел да ја одржат илузијата во која веруваат. Рибите дури и би си го пропуштиле сопствениот роденден затоа што се презафатени размислувајќи колку добро си поминале на претходните роденденски забави.

4. Девица

Девиците не го преферираат минатото, но за нив сегашноста е секогаш премногу ужасна и мора да бараат утеха во минатото. Исто така, минатото не може да биде променето, а ова е уште причина плус зошто Девиците се губат во него – тие не можат да бидат сметани за одговорни за нешто што веќе прошло, за разлика од работите што во моментот се случуваат.

5. Рак

Без разлика колку му е совршена сегашноста, Ракот едноставно не може да живее во моментот и постојано се навраќа наназад, каде што поради некоја необјаснива причина се чувствува посигурно и поудобно. Ако е задоволен со сегашниот момент, тоа чувство брзо е надминато со сеќавање од уште посреќно време.

6. Водолија

Водолиите не сакаат да живеат во минатото, но исто така и многу ретко живеат во сегашноста. Тие се сметаат себеси за прогресивни и напредни кога станува збор за идејата да се живее во моментот, но во реалноста секогаш сметаат дека тревата е позелена на другата страна од оградата, или во нивниот случај, во минатото. Тие сакаат да бидат сега и тука, но живеат во минатото, опколени со подобри сеќавања.

Дознајте и кои се 5-те хороскопски знаци што никогаш не покажуваат емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар