8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките - Part 2

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

5. Гимнастика на лице

Како што споменавме претходно, јогата за лице е клучна за младешки изглед на вашето лице. За таа цел, пробајте да ја спроведете следнава вежба, 3 пати неделно.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеЗатворете ги очните капаците и останете 10 секунди во оваа позиција. Потоа ставете ги рацете на челото, притискајте нежно и пробајте да ги вртите очните јаболкца во правец на движење на стрелките од часовникот. Оваа вежба може да ви помогне да се ослободите од брчките околу очите и носот.

Следно, надувајте ги образите, вдишете и задржете го воздухот во устата. Започнете да го префрлате воздухот од еден кон друг образ и повторувајте ја постапката во времетраење од 10 секунди. Со оваа вежба, можете да ги отстраните брчките околу устата и да ги затегнете свиснатите образи.

6. Смешни изрази

Не треба да правите сериозни гримаси на лицето, доколку сакате да ја вратите неговата свежина. Со овие вежби, можете да се забавувате додека правите смешни изрази пред огледало или пред вашите пријатели.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеТака на пример, можете широко да ја отворите устата и да се обидете да ја допрете брадата со врвот од вашиот јазик. Целта на оваа вежба е да ги затегнете мускулите на вашето лице и повторно да ги вратите во форма. Исто така, можете на разни ситуации да реагирате изненадено, така што ќе ја отворате устата широко и ќе ги поткревате веѓите нагоре до нивната максимална точка.

7. Кловновски израз

Кловновскиот израз на лицето е исто така многу популарна техника против стареење на кожата на лицето. Со нејзината примена, можете да ги дефинирате мускулите на вашето лице коишто се наменети за смеење, а со самото тоа на брчките ќе им биде потребно многу време за да се развијат.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчкитеЗа да ја направите вежбата, потребно е само да се насмеете најшироко што можете, со затворена уста. Потоа, треба да го набрчкате носот и да си играте со веѓите нагоре-надолу, во времетраење од 10 секунди. Откако ќе го завршите овој дел, престанете да се смеете и со затворена уста, спуштете ја брадата надолу околу 5 секунди. Потоа повторете ја целата вежба одново и продолжете да ја применувате во времетраење од 5 минути, 3 пати неделно.

8. Други видови јога за лице

На интернет, денес можат да се најдат безброј јога вежби за лице и тие се најчесто многу поефективни од сите маски и креми за лице заедно. Со правилно вежбање, ќе забележите драстична промена во вашите брчки, подочници и свиснати образи. Има буквално илјадници туторијали коишто можете да ги испробате, а еве еден пример којшто ви го препорачуваме.

Може да ве интересираат и овие 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар