8 грешки во резимето кои треба да ги избегнувате ако сакате да ја добиете посакуваната работна позиција

Вашето резиме е најважното нешто кога станува збор за потенцијално вработување. Во најголем број случаи, тоа е всушност првиот впечаток кој го оставате врз потенцијалниот работодавач. Резимето ги објаснува вашите способности, постигнувања и вашето професионално минато. Очигледно, вашата цел е да успеете да влезете во редицата за интервју, а не вашето резиме да заврши во канта.

0-8-greshki-vo-rezimeto-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-ja-dobiete-posakuvanata-rabotna-pozicija-kafepauza.mk

Како да го постигнете тоа? Добро напишано, темелно и воедно концизно резиме е вашата шанса да го добиете тоа работно место. Ако сте исплашени од помислата дека треба да седнете и да го напишете овој по малку застрашувачки документ, не можеме баш да ве обвиниме, но затоа можеме да ви помогнеме.

1. Заборавате да вклучите специфични постигнувања

Вашето резиме е вашата шанса да се покажете преку сите нешта кои ве прават паметна, способна личност од која може да има се има голем професионален бенефит, без кој таа компанија не би можела да опстои. Кој е клучниот збор во таа реченица? Вие. Секако, вашето резиме е за вас. Затоа, не сакате да прикажете опис на личност со едноставни вештини и нејасни, генерички термини.

Наместо тоа, вашето резиме треба да вклучува достигнувања, статистики и факти за вашите индивидуални квалификации. Дали можеби сте ја зголемиле продажбата за 60% на претходната работна позиција? Дали бевте земени во обѕир за позицијата директор? Сигурно сте направиле одлични нешта кои не само што треба да се спомнат туку и да се поткрепат со факти и бројки. Тоа му дава јачина на резимето и јасно ја илустрира вашата вредност.

2. Тешко за читање и разбирање

Сигурни сме дека милион пати сте чуле – шефовите се многу зафатени луѓе. Без разлика дали имаат некој посебен систем за апликанти, сепак треба да одвојат време за да ги одделат резимињата кои на крај ќе завршат на нивната маса.

Резимето треба да привлекува внимание, но и да може лесно да се пролиста. Како златно и основно правило имајте го на ум тестот од 30 секунди – според ова правило, потенцијалниот работодавач поминува само 30 секунди или помалку гледајќи го вашето резиме. Што значи ова за вас? Значи дека е потребно да го направите неверојатно едноставно за да можат потенцијалните работодавци да ја најдат информацијата која ја бараат, без детално да копаат по неа.

Користете болд на клучните наслови – краток преглед на професијата, клучните вештини, професионалната историја и едукацијата, за овие информации да отскокнуваат од останатите. Можете да користите набројувања и чист, структуриран формат за резимето да има подобар визуелен изглед.

На крај, внимавајте на текстот. Начичканите микроскопски фонтови и претесните маргини не му нудат пристапност на читателот. Користете барем големина на фонт 10 и осигурете се дека има соодветен баланс меѓу текстот и празните места.

3. Наведување препораки колку да се спомнат

Препораките сѐ уште се тема на дебата, особено помеѓу оние кои се потрадиционални кога станува збор за професионалните документи.

Нема потреба да напишете „Препораките се достапни на ваше барање“ на дното од резимето. Сепак, нема да оставите добар впечаток ако одговорите „Леле, ги немам препораките!“ кога тие ќе ви ги побараат.

Нема потреба да ја вклучувате оваа фраза, но сепак имајте надградена листа на цврсти препораки и нивните контакт информации, спремни во секој момент за да им ги предадете на потенцијалните работодавачи. Исто така известете ги претходните работодавачи дека сте ги навеле нивните контакт информации со цел да бидат спремни да ве претстават во најдобро светло во случај да бидат контактирани.

4. Жртвување на содржината поради должината

До скоро едно од најважните правила беше дека резимето смее да биде долго само 1 страна, но тој исказ не е секогаш точен. Никогаш не чувствувајте притисок да исфрлите важни информации само за да имате 1 страна. Ако имате 15 или 20 години искуство тогаш сигурно ќе ви биде потребна повеќе од една страна за да ги објасните вашите искуства. Истото важи и ако имате голем број стажирања поврзани со таа професија, волонтерска работа што мислите дека е релевантна и сл.

Секако, резимето не треба да биде огромно со детали за секоја важна работа што сте ја направиле, но во секој случај, сакате да ги нагласите вашите најдобри способности. Ако ви е потребна повеќе од една страна еве на што треба да внимавате:

  • Бидете сигурни дека додатната страна е барем ¾ исполнета за да избегнете резимето да изгледа неуредно.
  • Вклучете го барем вашето име и презиме на секоја додатна страна, во случај да се одделат страните. Можете да вметнете и информации за контакт на врвот од секоја страна.

5. Лажење и неискреност

Јасно ни е – сакате резиме кое ќе се двои од останатите и ќе ги импресионира потенцијалните шефови. Можеби е искушувачки да ја обелодените вистината, особено ако немате еден тон години професионално искуство зад себе. Сепак, сетете се дека и вашите родители ве учеле да не лажете. Важно е да бидете искрени кога станува збор за вашето резиме.

Можеби не ви изгледа важно да тврдите дека сте одлични во WordPress иако не знаете ништо за таа платформа или да додадете организација во која никогаш не сте членувале, но најдобро е да не лажете кога станува збор за овој важен документ. Знаете како велат „На лагата ѝ се кратки нозете“. Или ќе ве фатат во лага и ќе мора да се справувате со извалканата репутација или ќе завршите на позиција за која не сте компетентни. Вашата цел е професионален успех, а ако лажете во резимето нема да го постигнете тоа.

6. Заборавање на клучните зборови

Во дигиталната ера, голем број бизниси користат систем за апликанти. Што е тоа? Замислете го како спам филтер за вашите имејлови. Овој систем им помага на потенцијалните шефови да ги исфрлат кандидатите чии резимиња не се совпаѓаат со посакуваните вештини и образование.

Како можете да го поминете овој тест? Со помош на клучни зборови. Веќе знаете дека треба да го прилагодувате вашето резиме за секоја работна позиција на која аплицирате, а додавањето на клучни зборови е голем дел од овој процес. Ви препорачуваме да го испечатите посакуваниот работен опис и потоа да ги нагласите зборовите кои гледате дека се појавуваат почесто.

Кога ќе видите зборови како „соработка“ и „лидерство“ или некои поспецифични како „владеење на WordPress или Photoshop“ би сакале да ги вметнете овие витални термини во вашето сопствено резиме. Сепак, запомнете дека е најдобро да сте искрени. Не треба да го полните резимето со вештини и зборови кои не се вистинити само за да поминете низ системот. Вистината секогаш се дознава.

7. Занемарување на препрочитувањето

Нема ништо понесмасно и понепрофесионално од резиме полно со печатни и граматички грешки. Затоа, задолжително прочитајте го резимето пред да го испратите. Постојат еден куп трикови кои можете да користите за да се спасите од срам и да ја уловите секоја грешка.

  • Прочитајте ја секоја реченица на глас. Потоа прочитајте ја истата реченица уште еднаш. Вака ќе го поделите документот на помали и подостапни делови што ќе ви овозможи да обратите поголемо внимание на секој збор.
  • Прочитајте го вашето резиме наопаку – од крајот до почетокот. Да читате нешто по обратен редослед може да биде тешко, но треба да се фокусирате, а кога сте фокусирани, полесно ќе ги уловите грешките.
  • Пратете го резимето на пријател кој навистина добро ја познава граматиката. Тој сигурно ќе ги забележи грешките кои вие не сте ги виделе.

8. Одржување непрофесионален личен бренд

Успеавте! Ги импресиониравте шефовите и сега сакаат да ве контактираат. Го проверуваат вашето резиме и гледаат дека вашата имејл адреса гласи partygurl123@hotmail.com. Не сакате да оставите таков впечаток нели?

Пред да го објавите или пратите вашето резиме, одвојте време за да се осигурате дека вашиот професионален бренд е совршен. Направете нова професионална имејл адреса и исчистете ги социјалните мрежи. Тргнете ги сите „пијани слики“ од вас и слики кои не ви доликуваат. Можеби изгледало забавно додека бевте на факултет, но сега е време да продолжите понатака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар