Интересен психолошки тест: Што гледате на овој цртеж?

Интересен психолошки тест: Што гледате на овој цртеж?

Оваа позната оптичка илузија може да се види на два начини: како патка и како зајак. Па, што успевате вие да забележите прво? Уште поважно, дали ако го видите едното, можете да го видите и другото? И најважно, можете ли брзо да се движите помеѓу двата цртежа?

Интересен психолошки тест: Што гледате на овој цртеж?

Поголемиот број луѓе прво ја забележуваат патката и можат да се движат помеѓу двете слики, но прашањето е колку лесно можете да ја промените вашата перспектива? Дали ви е потребен ментален напор или тоа можете да го направите лесно, кога ќе посакате?

Најраната позната верзија од овој цртеж потекнува од 1892 година, која била објавена во „Fliegende Blattera“, германски хумористичен магазин. Тој подоцна бил популаризиран од Лудвиг Витгенстеин, кој го вклучил во своето дело „Филозофски истраги“, како средство за опишување два различни начина на гледање.

Секако, самата слика не се менува, туку нашето визуелно доживување поминува низ преобразба. Поимите како „патка“ и „зајак“ создаваат програми кои му овозможуваат на умот да ги организира вистинските црти на сликата на различни начини. Психологот и автор, Ричард Вајзман, дошол до заклучок дека токму способноста да се движите помеѓу двете визии укажува на нивото на креативност.

По испитувањата, оние кои многу лесно се движеле помеѓу двата цртежа се многу покреативни од оние кои имале потреба да вложат напор. Тој тврди дека токму тој момент, кога ќе ја смените визијата помеѓу патката и зајакот, е како еден вид мал блесок од креативен увид. Тоа е моментот кога ќе забележите дека светот може да се види и на друг начин.

Оние кои се високо креативни често го користат овој талент за пронаоѓање нови начини на користење „познати“ објекти или поврзувања помеѓу две претходно неповрзани идеи или нешта. Па, колку брзо можете вие да ги смените цртежите во вашите очи?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар