8 големи вистини за животот што се срцепарателни и многу реални

Отсекогаш се пишувало многу за животот. Многу филозофи во минатото се обидувале да ја доловат и објаснат суштината на животот. Денес луѓето секој на свој начин се обидуваат да ја пронајдат смислата на сопственото живеење и да го разберат животот што го живеат. Да ја сфатат суштината на самиот живот. Темата има филозофски корени, но еве неколку вистини за животот коишто се срцепарателни, но истовремено и многу реални.

1. Мислиме дека сè ни е под контрола, но сè може да се распадне

Можеме да испланираме сè и ништо да не оставиме на случајностите, но пак може да тргне по зло. Животот не е создаден за формирање совршени услови, туку колку сме способни да истраеме да го живеете животот со сите потешкотии. Најскапоцените вештини што може да ги имаме се флексибилноста и отпорноста. Многу е важно на каков начин ќе му пристапиме на животот и какви визии ќе создадеме од сите урнатини што животот ни ги приредил.

2. Вие сте целосно одговорни за тоа каков ќе биде вашиот живот и како ќе реагирате на тоа што ви се случува

Најмалку корисно чувство е чувството на индиферентност. Мора да се бориме за живот каков што сакаме. Ништо нема да се промени со брзината со која посакуваме да се промени, но чекањето светот да се смени за да одговара со нашиот светоглед, нема да успее. Мора да се бориме! Да правиме сè што е потребно, и да го оставиме во минатото тоа што нè спречува да имаме живот каков што посакуваме. Животот не е стоење исправено, тој е трчање што прави да се чувствуваме живи!

3. Секогаш кога мислите дека немате избор, грешите

Нашиот живот е исполнет со последици од изборите коишто сме ги правеле и е широко отворен кон изборите што сè уште не сме ги направиле. Можеби попријатно е да се мисли дека животот ни се случува нас, а не дека ние одлучуваме што ќе се случи, но секогаш можеме да го реконструираме и да преземеме различни чекори што се базираат на различните избори што ги правиме.

4. Трошењето енергија за да се избегнат потешкотиите е залудно

Ќе се случи да ни биде скршено срцето, но тоа ќе биде почеток на ослободување од некои аспекти во животот. Еднаш кога ќе бидеме на дното веќе се плашиме помалку. Кога ќе ја согледаме длабочината на сопствената темнина сфаќаме дека нема место за страв.

5. Убавината кога некој нè перципира е дека навредата или „негативната“ етикета е само етикета

Лошиот дел е дека не постојат толку многу комплименти колку етикети. Треба да се ослободите од зборовите што луѓето ви ги упатиле бидејќи во моментот кога ќе ја закачите етикетата на себеси имате две опции – да ја отфрлите или да ја носите. Во секој случај притисок е да се живее под туѓите ограничувања. Ослободете се од секакви етикети, растете, менувајте се и научете повеќе за себеси и за светот околу вас. Вие не сте етикетите што ви ги припишуваат, вие сте многу повеќе од нив.

6. Сè што доживуваме во моментов е привремено

Постоиме во привремен свет. Затоа треба да живееме во сегашноста, колку и да звучи клише – едноставно не постои можност да се лансираме во иднината ниту да се вратиме во минатото. Од тоа нема никаква корист! Можеби извонредно е што некои делови од животот сакаме да траат привремено, но тешко е да се помисли дека работите што ги сакаме повеќе од сè се минливи.

7. Неопходна задача на човештвото е секој од нас да подарува онолку љубов и љубезност колку што би сакале да добиваме

Постојано се убедуваме за својата вредност и бараме докази да ја потврдиме. Еден ден се будиме со чувство дека заслужуваме да бидеме пољубезни со себеси и дека ќе биде така секој ден и дека ќе стане полесно, но никогаш нема да прифатите кои сте и можеби тоа не е поентата. Совршенството никогаш не било поента. Вие сте тука да живеете и како човечко суштество да доживеете најразлични искуства според вашите можности. Прегрнете го животот и прифатете го, залудно е да се буните и да му се спротивставите.

8. Не постои правилен или погрешен начин на живеење

Едноставно е, ние живееме и постоиме. Убавиот аспект на ова е дека постои опојна и неограничена слобода. Најтешко е што не постои мапа на патување, нема правила ниту водич како да живееме. Оставени сме сами на себе и на нас останува да го земеме животот во свои раце и да ја прифатиме бескрајната дихотомија на сето тоа. Кога ќе научиме да ги прифатиме овие работи можеби ќе сфатиме која е суштината на живеењето. Но, тоа мора да го откриеме сами. Ќе го откриеме само преку живеење.

Прочитајте и дознајте зошто само вие можете да го промените својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар