Необична зимница – џем од сланина!

Необична зимница – џем од сланина!

Каде е напишано дека џемот мора да се прави единствено и исклучиво од овошје? Денес ви претставуваме нешто што сигурно не сте го пробале порано. Изумителите на овој рецепт тврдат дека овој џем совршено оди со тост лепче  и сирење или со листови рукола послужени на печени лепчиња. Џемот може да се користи и како намаз за сендвичи и хамбургери.

Необична зимница – џем од сланина

Потребни состојки:
  • 450 грама пушена сланина
  • 300 грама ситно исечкан кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 лажичка мелена лута пиперка
  • 180 мл јако црно кафе
  • 60 мл балзамико
  • 60 мл јаболков оцет
  • 115 мл јаворов сируп или мед
  • 50 грама кафеав шеќер
  • Парче кора од портокал
Начин на подготовка:

Исечкајте ја сланината и пржете ја 15-тина минути, односно сè додека не стане крцкава. Потоа исцедете ја и впијте го вишокот мрснотија со помош на хартиен бришач, па ставете ја сланината во огноотпорна тава.

Спремете поголем сад во кој ќе ставите една лажичка од исцеденото масло од сланината, а потоа додајте ги кромидот и лукот, па пржете околу 6 минути, додека не омекнат. Потоа додајте ја и мелената лута пиперка и динстајте уште 2 минути. За крај, во садот додадете ги сланината, кафето, оцетот (и двата вида), сирупот, шеќерот и кората портокал. Оставете да зоврие.

Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да крчка на тивок оган околу 1 час, односно додека течноста не испари. Кога ќе ја добиете посакуваната густина, тргнете го џемот од шпоретот, извадете ја кората портокал и смелете сè во блендер или со миксер.

Оставете да се излади на собра температура преку ноќ.

Со оглед на тоа дека повеќето луѓе се љубители на сланина, сигурно ќе ви се допадне овој необичен џем. Уживајте!

Погледнете го и овој рецепт за најубавиот домашен кечап кој некогаш сте го пробале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар