7 знаци кои ве предупредуваат дека не го слушате вашето срце

И, зошто воопшто треба да го слушате?

Единственото нешто на светот што суштински го имаме е она што го носиме во нашите срца. Сепак, постојат знаци на предупредување кои ви кажуваат дека не го слушате своето срце.

7 знаци кои ве предупредуваат дека не го слушате вашето срце

1. Премногу сте заглавени во материјалниот свет

Поминувате премногу време размислувајќи и работејќи со цел да стекнете материјални добра. Но, најголемото задоволство секогаш произлегува од работите што ги правиме поради страст, а не од желба за стекнување материјални добра.

2. Премногу сте загрижени

Загриженоста и ниската самодоверба се вистински удар за вас. Ако немате доволно доверба во себе, нема да му верувате ниту на светот.

3. Се потценувате себеси

Мислите дека не сте доволно добри? Зошто? Верувајте дека имате сè што ви треба!

4. Премногу се оптоварувате

На секоја ситуација или чувство треба да му дојде времето. Кога не можете да се откажете од одредени емоции, тие стануваат товар кој ве влече кон дното. Прифаќајте ја тагата секогаш, но тогаш кога ќе дојде време, заборавете на неа и продолжете понатаму.

5. Ги запоставувате вашите вистински потреби

Заглавени сте во сопствениот круг од рутински навики. Без разлика дали станува збор за вашиот животен стил, работата или вашата врска, вие на секое поле се чувствувате заглавено.

6. Не го слушате вашиот внатрешен глас

Тоа е тој глас наречен интуиција кој знае што навистина сака вашето срце. Но, секогаш се трудите да го замолчите, затоа што интуицијата обично не е во склад со она што го сака вашиот ум. А треба понекогаш да се раководите и по неа.

7. Заглавени сте во минатото

Кога ќе се ослободите од товарот на минатото, ја отворате вратата за нови перспективи и можности.

Можеби сакате да ги прочитате и прекрасните совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар