7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Кучињата одлично знаат да ги прочитаат нашите емоции и расположение, но луѓето понекогаш не ги разбираат знаците кои покажуваат дека кучето е под стрес или разочарано. Според истражувањата, припитомените кучиња се подвид на сивиот волк и нивното однесување има исти корени и слични карактеристики. Кога се обидувате да го прочитате однесувањето на вашето куче, обрнете внимание на деталите како опашката, ушите, забите и очите. Следниве знаци ќе ви покажат дека треба да обрнете повеќе внимание на неговото однесување со цел подобро да се грижите за него.

1. Свиено со спуштени уши или подвиткана опашка

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Ако ја забележите оваа положба, вашето куче најверојатно се обидува да избега од некоја ситуација. Ако имате деца, обрнете особено внимание бидејќи често очите им се на иста висина. Кога се гледаат едни со други во очи, кучето може да го смета тоа за закана. Најдобро е да избегнувате директен контакт со очите и да се повлечете. Ако кучето почувствува дека нема како да излезе од опасноста, може да почне да ‘ржи или да каса.

Важно е да не ги оставате децата сами со кучето и да им ги објасните правилата за комуницирање со миленичето. Луѓето често ги провоцираат нивните кучиња без воопшто да бидат свесни за тоа. Јазикот на животните сепак е поразличен.

2. Опашка меѓу нозе

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Често можете да видите куче со опашка подвиткана помеѓу нозете. Речиси секој знае дека ова е знак дека кучето е исплашено. Важно е внимателно да се однесувате во овие моменти за да не предизвикате агресија. Смирено пријдете му на кучето, но бидете внимателни. Тоа не треба да почувствува дека сте загрижени. Ова однесување се појавува кога кучето е нервозно или се чувствува неудобно.

3. ‘Ржење

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

‘Ржењето е како предупредување за кучињата и секој сопственик треба да обрне внимание на ова. Најверојатно вашето куче е иритирано и не се чувствува мирно. Друга причина за ‘ржење е штитење на територијата.

4. Лежење на грб

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Обично кога кучето лежи на грб, тоа значи дека е опуштено и се чувствува удобно покрај вас. Но понекогаш може да значи сосема спротивно.

  • Страв: Ако кучето постојано легнува на грб, можно е да има некоја фобија. На пример, можеби го прави тоа секогаш кога ја вклучувате правосмукалката.
  • „Не допирај ме“: Нормално е кучето да не сака да биде допирано кога има фобија. Избегнувајте да го допирате миленичето кога е легнато на грб поради страв. Оставете го само ако сметате дека е исплашено.

5. Лижење на устата

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Ако кучето се оближува, а пред него нема храна, потребно е да бидете внимателни. На овој начин кучето покажува страв, стрес или нервоза. Ова однесување може да биде придружено со забрзано дишење или подвиткана опашка.

6. Знаци дека кучето е тажно или депресивно

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Како и луѓето, така и кучињата можат да страдаат од депресија. Постојат многу знаци што можат да ви покажат дека вашето милениче е тажно.

  • Одење:Можно е кучето да го оди истиот пат во некоја област. Исто така може постојано да оди кон влезната врата и да направи да мислите дека сака да излезе надвор.
  • Промена во спиењето: Летаргијата е чест знак за депресија. Апатичното животно е болно животно.
  • Промена во исхраната: Обрнете внимание дали вашето куче јаде помалку или целосно престанало со јадење.
  • Деструктивно однесување: Ако вашето куче одеднаш почне да го уништува домот и не ги слуша вашите наредби, тоа е разочарано.
  • Лижење на шепите: Кучињата не се мачки и кај нив не е нормално да си ги лижат шепите. Проверете да не имаат некаква повреда и ако сè е во ред, одвлечете му го вниманието со некоја игра.

7. Обрнете внимание на мавтањето на опашката

7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

Понекогаш кучето може да ви каже многу со неговата опашка. Ако ја мавта опашката кон десно, тоа значи дека е среќно и дека му се допаѓате. Ако ја мавта опашката кон лево, важи спротивното – кучето е загрижено и е под стрес.

Погледнете и кои се знаците дека вашето куче чувствува некаква болка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар