25 факти за една од најневеројатните европски земји – Норвешка!

25 факти за една од најневеројатните европски земји – Норвешка!

Норвешка е една од најубавите земја во Европа, а Норвежаните се сметаат за најдружељубивите луѓе на планетата. Тие се отворени, но и многу освестени. Во Норвешка родителството е едно од најважните нешта во животот на човекот, па затоа се поттикнуваат и мажите да поминуваат повеќе време со своите деца. Тука и татковците имаат породилно отсуство од 10 недели што го користат 90% од жителите.

Норвежаните исто така ја почитуваат и ја чуваат природата. На улиците често можете да чуете како тие загрижено разговараат за промената на климата. Природата ја почитуваат и така што поголемиот дел од нив го користат велосипедот како примарно транспортно средство. Иако спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во Европа, Норвежаните ги облекуваат своите деца исклучиво во половна облека, учејќи ги дека материјалните нешта не се на првото место во животот.

Прочитајте ги и следниве 25 факти за оваа неверојатна земја…

1. Норвешка е 6-та по големина во Европа, по копнена маса. Но, со бројот на жители се наоѓа на 28-то место.

2. Боговите како Один и Тор биле обожувани во Норвешка пред преминот кон христијанство, во 995 година.

3. Во 19 век, стотина илјади Норвежани емигрирале во Америка, и денес поголем број од нив живеат таму отколку во Норвешка (6 милиони во Америка, 4,8 милиони во Норвешка).

4. Во Хамерфест, најсеверниот град на светот, во текот на двата летни месеци, сонцето сјае и на полноќ. Норвешка затоа е и позната како Земјата на полноќното сонце.

5. Во оваа земја просечната плата е околу 4.500 евра.

6. Во 2012 година, Осло бил прогласен за еден од најскапите градови во светот.

7. На аеродромот Гардермоен, се наоѓа најголемиот „free shop“ во Европа.

8. 99% од норвешката електрична енергија доаѓа од хидроелектрани.

9. 90% од брачните парови во Норвешка имаат сопствена куќа или стан.

10. Образованието во Норвешка е бесплатно.

11. Се верува дека во 14-от век, чумата убила половина од жителите на оваа земја.

12. Нобеловата награда за мир се доделува секоја година во Осло.

13. Норвешка е една од ретките европски земји која не сака да биде член на Европската унија. Биле одржани дури два референдума (1972 и 1994 година) на кои народот јасно се изразил дека не сака да влезе во оваа заедница.

14. Норвежаните обожаваат да кажуваат вицови и смешки за Швеѓаните.

15. Норвежаните можат да се пофалат со најдолгиот тунел на светот – тунелот Лардал се протега неверојатни 24,5 километри. Тој е поделен на четири тематски дела со цел возењето, што трае 20 минути, да биде помалку стресно.

16. Тунелот Еиксунд во Норвешка е најдлабокиот подморски тунел од тој вид во светот. Долг е 7.765 метри и достигнува длабочина од 287 метри.

17. Норвешка е позната и како земјата на 1.000 фјордови, благодарение на многуте тесни, длабоки заливи покрај стрмни брегови.

18. Вториот по ред најдолг фјорд се наоѓа во Норвешка. Согнефјорден е долг 205 километри, и сега засега Британецот Луис Гордон е единствениот што го препливал. Тоа се случило во 2004 година.

19. Во Норвешка само 2,28% од површината е обработлива.

20. Скијачката скокалница во Холменколен, во близина на Осло, е најстарата во светот. Првото натпреварување се одржало во 1892 година, а оттогаш, продолжило да се повторува секоја година во март.

21. Ако полиција ве фати како возите пијани, ќе одите во затвор 30 дена и веднаш ќе ви биде одземена возачката дозвола на година дена.

22. Норвежаните се едни од ретките народи што одат во лов на китови.

23. Хорниндалсватнет е најдлабокото езеро во Европа. Тоа достигнува неверојатни 524 метри.

24. Во Норвешка има околу 450.000 езера.

25. И околу 50.000 острови, со бег во должина од 83.000 километри.

Прочитајте ги и овие интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар