6 знаци дека вашето куче чувствува некаков вид болка

6 знаци дека вашето куче чувствува некаков вид болка

Кучињата не покажуваат болка на истиот начин како што тоа го прават луѓето и токму затоа е важно да научите како да ги препознавате знаците кои укажуваат на некаков вид болка. Како сопственици на домашни миленичиња, мора да се осигураме дека нашите кучиња се добрo згрижени и сакани. Токму затоа им ја купуваме најдобрата храна и се обидуваме да им ја приредиме најдобрата забава. И секако никогаш не сакаме тие да страдаат, но кучињата немаат начин на кој би ни кажале дека нешто ги боли. Па, како би требало да знаеме?

6 знаци дека вашето куче чувствува некаков вид на болка

1. Тешко дишење или задишаност

Повеќето кучиња одвреме-навреме кога се под стрес или возбудени се задишуваат, но доколку тоа го прават без очигледна причина, тоа дефинитивно може да биде знак дека чувствуваат некаква болка.

2. Претерано лижење или гризење

Кучињата кои лижат или гризат специфична област од нивното тело можеби го прават тоа затоа што таму чувствуваат болка. Тие можат да лижат или гризат скршени нокти, отворени рани, иритирани шепи, па дури и тумори кои се наоѓаат под кожата.

3. Намален апетит

Кучињата многу често одбиваат да јадат кога се болни или кога нешто ги боли, па доколку забележите ненадејно намалување на нивниот апетит, тоа може да биде знак за болка. На пример, кучето кое си го повредило вратот нема да сака да се наведне надоле и да јаде од својата чинија бидејќи тоа му предизвикува болка.

4. Куцање

Кога кучето куца, тоа дефинитивно е знак за болка или за некаков вид непријатност. Кучињата можат да куцаат поради артритис, истегнат мускул, повреди на лигаментите, повреда на грбот или вратот, укоченост во зглобовите или поради скршени коски. Болката во овие ситуации можете да ја препознаете така што ќе забележите дека вашето куче се двоуми дали да се качува по скали или на повисоки места.

5. Лигавење

Претераното лигавење може да биде знак дека кучето чувствува болка во стомакот или пак, дека му е лошо. Овие ситуации укажуваат на фактот дека кучето е вознемирено и дека чувствува екстремна болка. Надуеноста е сериозна состојба која предизвикува силна болка во стомакот на кучето. Оваа состојба знае да биде многу опасна и мора веднаш да побарате ветеринарска помош.

6. Промени во однесувањето

Кучињата кои чувствуваат болка стануваа агресивни. Тие во вакви ситуации знаат да ‘ржат дури и ако само поминувате покрај нив. Некои кучиња кои чувствуваат некаков вид болка исто така се тажни и депресивни, со намален апетит, спијат повеќе од вообичаено, се кријат, немаат интерес за играње или за прошетки.

Повеќе информации

Способноста да препознавате дали вашето куче е во болка се сведува на самото познавање на неговите нормални карактеристики. Доколку тоа се однесува чудно и покажува некои од погоре наведените симптоми тоа може да чувствува некаков вид болка и затоа е многу важно да побарате совет од вашиот ветеринар. Никогаш не е добра идеја вие самите да му давате медикаменти, бидејќи можат да му предизвикаат други проблеми меѓу кои се вбројуваат и различните видови гастроинтестинални проблеми.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар