7 работи што повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнерки

Нормално дека нема потреба да му кажувате сè на вашиот партнер. Сигурно имате некои тајни кои никогаш не би ги споделиле со него. Но сигурно сакате да знаете кои се нештата што мажите најчесто ги кријат од своите партнерки. Можете да дознаете во продолжение.

7 работи што повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнерки

1. Има атрактивна колешка

Нормално дека партнерот никогаш нема да ви го каже ова. Всушност, ова е и добро од негова страна. Сигурно не сакате постојано да размислувате како тој секој ден минува време со оваа привлечна жена.

2. Гледа порно филмови

Што ѝ да ви кажува, голема е веројатноста вашиот партнер да гледа порно филмови.

3. Љубоморен е

Повеќето мажи никогаш не ја покажуваат нивната љубомора. Повеќе сакаат да премолчат и да се преправаат како сè да е во ред додека разговарате со згодниот сосед. Најчесто мажите ја гледаат љубомората како слабост, па ретко кога ќе ја признаат.

4. Несигурен е за време на секс

И ова произлегува од категоријата „покажување слабост“. Несигурноста за време на секс е вистинска катастрофа за мажите. Имено, повеќето мажи ја мерат нивната „машкост“ според тоа какви се во кревет. Поради тоа, партнерот никогаш нема да ви признае дека понекогаш се чувствува навистина несигурно.

5. Сака романтични филмови

Можеби партнерот ви кажува дека воопшто не му се допаѓаат романтичните филмови, но најверојатно ова е лага. Сепак, и тие уживаат во љубовните сцени и сакаат да се замислуваат во такви сценарија.

6. Потребни му се комплименти

Ниту еден маж нема да ја замоли својата партнерка да му каже нешто убаво. Но, факт е дека и на мажите им е потребно признание исто како и на жените. Па, не се воздржувајте од комплименти, сигурно ќе му годат.

7. Најверојатно не ја сака вашата мајка

Ова се случува навистина често, но бидејќи нема да сака да ве повреди, партнерот никогаш нема да ви признае што навистина мисли и чувствува за вашата мајка.

Погледнете и кои се малите „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар