7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

Затнувањето на носот е една од најнепријатните работи што се случува во зима. Тоа е всушност лошиот симбол коj прави да не го сакаме студеното време. Сепак, може да се излечи, меѓу другото и со некои работи кои сигурно веќе ви се наоѓаат по дома.

7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

Јаболков оцет. Додајте 3 лажици оцет во загреана вода, а потоа вдишете ја пареата покриени со крпа.

Корен од слез. Исто како и кај јаболковиот оцет, и овде ставете ја главата покриена со крпа над сад со топла вода измешана со парчиња од еден корен од слез.

Солена вода. Додајте една лажица сол на половина литар загреана вода, а потоа со помош на чајник или нешто друго кое повеќе ви одговара обидете се да ставите од солената вода во едната ноздра за потоа да ја извадите преку другата. Ова е одличен метод за превенција од затнување, но помага и при веќе оштетена слузница.

Рен. Нарендајте малку рен и измешајте го со една лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот и вдишете десетина пати пред да ја голтнете.

Етерично масло од нане. Капнете неколку капки етерично масло од нане на марамче, ставете го на носот и вдишете десетина пати. Потоа би требало да биде полесно.

Лук. Џвакајте лук доколку го поднесувате неговиот вкус и мирис, вдишете го неговиот мирис, а потоа ако сакате можете да го плукнете. Ќе ви помогне ако направите сендвич од леб и едно чешне лук и го изедете.

Ѓумбир. Додајте ѓумбир во салата или во некое друго јадење. Доколку не го сакате вкусот, помешајте го со лажица мед, ставете го на јазикот и вдишете десетина пати пред да го голтнете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар