Како да надмудрите тест на заокружување кога не го знаете добро материјалот?

Точните одговори на тестовите на заокружување би требало да бидат распоредени сосема случајно, без никакви шаблони. Но, кога се напишани од живи луѓе, тоа тешко е возможно и затоа може да се надмудрат дури и од оние кои не го научиле добро материјалот. Вилијам Паундстоун е автор на книга која ги истражува овие работи и тврди дека нашол одредени шаблони во тестовите на заокружување кои можат да се искористат во оваа цел. Тој испитал 100 тестови со вкупно 2456 прашања и од она што го сфатил, ги нуди овие совети кои можат да ви помогнат и вам. Со нив нема да ги погодите сите точни одговори, но според авторот значително ќе си ги подобрите шансите за поминување на тестовите. Тој вели дека знаењето е најдобриот начин да решите тест, но ако веќе не ги знаете одговорите, тогаш погодувајте според овие методи.

Како да надмудрите тест на заокружување кога не го знаете добро материјалот?

Игнорирајте ги вообичаените совети

Советите од типот „одговорот кој е во средина е секогаш точен“ или „најмногу точни одговори има под А“ нема да ве одведат далеку. Напротив, Паундстоун открил дека одговорите „сите наведени одговори се точни“ и „никој од наведените одговори не е точен“ биле вистинските во 52% од случаите, така што ако заокружите еден од нив шансите за поминување ви се зголемуваат за 90%.

Барајте помош од одговорите кои ги знаете

Ретко кога има два точни одговори под А во две последователни прашања. Затоа можете се послужите со одговорите на прашањата кои веќе сте ги одговориле точно. На пример, ако точниот одговор на првото прашање е под А, а на третото под Г, можете да ги елиминирате овие два одговори за второто прашање.

Како да надмудрите тест на заокружување кога не го знаете добро материјалот?

Одберете го најдолгиот одговор

Кога немате поим кој од понудените одговори би можел да биде точен, одберете го оној кој штрчи како најдолг. Паундстоун вели дека професорите ги прават точните одговори најдолги во желбата да ги направат ептен прецизни, а со останатите одговори не се трудат толку многу.

Обрнете внимание на придавките

Погрешните одговори во себе секогаш содржат некои нелогичности. Нив најлесно ќе ги откриете ако обрнете внимание на придавките кои се користат во нив. Паундстоун го дава овој пример од американскиот САТ тест. Од можните одговори се извлечени само придавките:

  • а) случаен… радикален
  • б) неразделив… контроверзен
  • в) импровизиран… потресен
  • г) методичен… револуционерен
  • д) изведен… постепен

Доколку ги споредите одговорите од десната колона, јасно е дека придавката „постепен“ нема многу заедничко по своето значење од останатите зборови и со тоа одговорот под Е може да се елиминира. Понатаму, „случаен“ и „импровизиран“ се доста слични, а со оглед на тоа што оценувачот сака точниот одговор да е доста попрецизен од другите, може и тие два да се елиминираат. Така, точниот одговор може да се бира меѓу Б и Д, иако не ни знаете што се бара во прашањето. Овде треба да се примени некој од претходните методи на погодување. Чисто колку да си знаете, точниот одговор е оној под Д.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар