7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

Изгледот е првата причина поради којашто многумина копнеат да го загубат својот стомак. Сепак, има уште причини поради кои треба повеќе да се ангажирате околу тоа.

7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

1. Најлошото сало е на стомакот

Салото кое се складира на стомакот е поинакво од она на другите делови од телото. Тоа носи повисок ризик за заболувања поради тоа што испушта воспалителни соединенија коишто ја зголемуваат можноста за појава на голем број болести. Покрај тоа, се зголемува и ризикот од смрт од која било причина.

2. На пат кон проблеми со метаболизмот

Ако имате стомак, веќе сте на пат кон сите проблеми со метаболизмот, односно неспособност на телото да ја складира и троши енергијата која се внесува во него. Кога ова ќе се случи, тоа е прогноза дека во иднина ќе дојдат проблеми со кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.

3. Го зголемува ризикот за рак на дојката

Салото на стомакот го зголемува ризикот од рак на дојката, и тоа не само кај жените туку и кај мажите. Тоа е можно поради тоа што високиот процент на масти во телото стимулира создавање на ензим кој тестостеронот го претвора во естроген. Колку повеќе масти имате, толку повеќе ќе имате естроген во телото, а тој ги храни заболените клетки од рак во дојката. Други последици на зголеменото излачување на естроген кај жените се и болен менструален циклус, лошо расположение и проблеми со спиењето. Кај мажите поради недостатокот на тестостерон се забележува зголемување на градите, недостаток на енергија и неможност за сексуално возбудување.

7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

4. Драстично се зголемува ризикот од дијабетес

При едно истражување, научниците од Сингапур откриле дека од 2.000 испитаници дури 643 ги имале развиено факторите кои водат до дијабетес уште пред да наполнат 33 години. Тие ја докажале врската помеѓу масните наслаги и дијабетесот и потврдиле дека оние кои имаат проблем со стомакот додека се млади и имаат помалку од 30 години, имаат и многу поголеми шанси да заболат од оваа болест.

5. Предизвикува еректилни дисфункции

Освен што ја намалува самодовербата поради изгледот, салото на стомакот се поврзува и со еректилните дисфукнкции. Кај овие мажи тие се појавуваат 10 или повеќе години порано отколку кај мажите кои имаат нормална телесна тежина. Кога тоа ќе се искомбинира со дијабетесот, процентот на мажи со ваков проблем се искачува на 75%.

6. Проблеми со срцето

Добро е познато дека голем стомак значи големи проблеми со срцето. Зголемената телесна тежина е голем стрес за срцето. Замислете здрав човек кој постојано на грбот носи вишок од 15 килограми кои не се негови. Неговото срце сигурно брзо би се уморило. Така е и во оваа ситуација. Срцето работи најдобро на нормална телесна тежина, а доколку не е така тоа има проблеми со примањето на крв и кислород. Последица од тоа е срцев удар.

7. Ризик од деменција и Алцхајмерова болест

Луѓето со стомаци имаат неверојатни 250% поголеми шанси да заболат од деменција и Алцхајмерова болест во споредба со здравите луѓе. Еден ист ензим е одговорен за црниот дроб да ги обработи мастите и за мозокот добро да учи и да памети. Проблемот е во тоа што големата количина масти го исцрпува овој ензим и не останува многу од него за мозокот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар