25 помалку познати факти за шминката

25 помалку познати факти за шминката

Поголемиот дел од жените секојдневно носат барем некаков вид шминка. Дури и оние кои поретко се шминкаат, сепак поседуваат барем неколку продукти за убавина. Секако ние сме среќни што живееме во време кога жените имаат голем избор на продукти за разубавување, но дали ја знаете историјата на шминката? Таа е многу поважна отколку што мислите и токму тоа го докажуваат овие 25 факти.

25 помалку познати факти за шминката

1. Патентот за лак за нокти датира од 1919 година. Тој бил со светло розова боја.

2. Жените од Рим користеле капки од беладона за нивните зеници да изгледаат поголеми и посекси. Секако, беладоната е отров, па оваа практика не траела долго време.

3. Ацтеките користеле бубачки за да прават црвен кармин.

4. Наводно Елизабет Тејлор им забранила на другите луѓе на сцена да носат црвен кармин.

5. Во зависност од тоа каде сте и кога, во одреден момент, употребата на шминката или го покажува вашето богатство или вашите слаби морални вредности. Ова низ историјата се менувало премногу пати.

6. Се верува дека Клеопатра ги потопувала едрата на својот брод во парфем за сите да можеле да го намирисаат нејзиното пристигнување.

7. Според одредени истражувања, жените трошат и до 15.000 долари на козметика во својот живот.

8. Феминистките како Елизабет Кеди Стантон носеле кармин како симбол на ослободувањето од обесправеностa на маршот за правата на глас.

9. Жените започнале да ги бричат своите пазуви откако виделе модел со избричени пазуви во една реклама во 1915 година.

10. Жените често си правеле бенки со лепенка од црно кадифе.

11. „MAC Cosmetics“ било основано од двајца мажи кои се викаат Френк во 1985 година.

12. Првиот спреј за коса наменет за пошироката јавност се појавил во продажба во 1960 година.

13. Коко Шанел го популаризирала сончањето во 20-тите години. Пред тоа, темниот тен значел дека сте работник од ниските класи.

14. Првиот деодоранс се појавил во продажба во 1889 година.

15. Жените во Елизабетанската ера се подложувале на луди методи за да изгледаат поубаво, од бричење на нивните чела, па сè до употреба на арсен за нивната кожа да изгледа премногу бледо. Тие исто така верувале дека карминот имал магична моќ, па затоа кралицата Елизабета носела кармин кога починала.

16. Жените од Елизабетанската ера исто така користеле јаглен како маскара и молив за очи. Многу од нив ослепеле од оваа постапка.

17. Друг начин на кој вашата кожа може да изгледа многу бледо? Пијавици! Жените „крвавеле“ со помош на пијавици и на тој начин ја одржувале нивната кожа бледа.

18. Една од најголемите забрани во Америка е лакот за нокти во кој има неон. Тој се смета за штетен, меѓутоа сè уште може да се најде во неонските лакови низ светот.

19. Еден третман за лице кој го користеле гејшите вклучува посебна состојка за борба против брчките – измет од славеј.

20. И покрај тоа што Грците го добиваат признанието за зборот „козметика“, античките Египќани биле првите кои ја произведувале.

21. Египќаните исто така биле првите кои го создале парфемот. Тие го користеле како козметика, но и како лек.

22. Жените во минатото користеле најразлични состојки како „лек“ за пеги, започнувајќи од свежа урина, па сè до маснотии од крокодил.

23. Жената по име Хејзел Бишоп го развила првиот долготраен кармин во доцните 40-ти години.

24. Ести Лоудер „случајно“ испуштала шише со нејзиниот парфем на подот од продавницата каде што го продавала за жените да го помирисаат и да откријат за што станува збор. На овој начин таа привлекувала потрошувачи за нејзиниот продукт.

25. Индустријата за убавина заработува околу 170 милијарди долари ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар