7 нешта што не треба да ги заборавите кога животот ќе стане тежок

Кога животот ви изгледа тежок и сакате да се откажете, обидете се да се сетите на некоја од овие 7 работи. Тие ќе ви помогнат да ги најдете потребните сила, храброст и доверба за да се придвижите напред и да ги направите нештата што знаете дека треба да бидат направени.

7 нешта што не треба да ги заборавите кога животот ќе стане тежок

1. Сетете се на приказната за Давид и Голијат

Ја знаете ли библиската приказна за младиот Давид и џинот Голијат? Иако Давид не бил ништо освен овчар, а Голијат бил воин од неговата младост, Давид сепак успева да го победи. Не дозволувајќи им на надворешните околности да влијаат на него, тој се фокусирал на неговата внатрешност и на моќта која знаел дека се наоѓа во него. Како резултат на ова, тој го победил Голијат. Па, обидете се да бидете Давид. Не ѝ дозволувајте на големината на проблемите да ве заплаши.

2. Животот можеби е тежок, но вие сте силни

Без разлика колку предизвици ќе ви приреди животот и без разлика колку големи ви изгледаат проблемите, редовно потсетувајте се дека вие сте поголеми од сите ваши проблеми заедно. Ова ќе ви помогне да се справите со што било што ќе ви излезе на патот. Посилни сте отколку што мислите.

3. Дијамантите се создадени под притисок

Можеби ви е познат цитатот на Питер Маршал:

„Кога сакаме живот без потешкотии, потсетете нè дека дабот расте силен само со ветар, а дијамантите се создадени под притисок.“

Како и дијамантот, така и вие треба да почувствувате притисок за да се покажете во најдобро светло. Потребни ви се ветриштата за да станете силни, храбри и полни со самодоверба.

4. Секој проблем доаѓа со дар

Секој проблем доаѓа со дар, па ако имате планина проблеми за решавање, наскоро ќе имате планина дарови во кои ќе уживате. Ова е нешто на коешто дефинитивно треба да се сетите кога сакате да се откажете од вашата цел.

5. Нема лотос без кал

Сите сакаат живот без болка, тага, темнина и тешкотии, но овие нешта се дел од животот. Како што на лотосот му е потребна кал за да расте, вам ви се потребни овие предизвици за да се исчистите од самите себе и да станете она што треба да бидете.

6. Животот е патување

Животот е патување, а не дестинација. Со секое искуство и интеракција, без разлика дали се добри или лоши, животот ве оформува, ве води и ви помага да го изградите она за коешто сонувате.

7. Вашиот живот е ваша приказна

Вие сте главниот лик во вашиот живот. Кога ќе дојде време да го напуштите овој свет, кога ќе ги погледнете сите предизвици и потешкотии, ќе ги сфатите многу поразлично отколку сега. Ќе се сеќавате на нив со благодарност бидејќи ќе знаете дека тие ви помогнале да станете личноста којашто сакате да бидете.

Доколку ви е потребно малку повеќе инспирација, потсетете се и на овие нешта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар