Неколку жени откриваат како научиле да бидат среќни со нивниот сингл статус

За жал, многу луѓе живеат во заблуда и мислат дека за навистина да бидат среќни потребен им е романтичен партнер. Воглавно, сериите и филмовите нè научиле дека клучот до среќата е лудото вљубување. Се разбира, врската полна со љубов и разбирање може да биде извор на среќа во вашиот живот, но важно е да знаете дека не ви е потребна врска за да бидете среќни.

Неколку жени откриваат како научиле да бидат среќни со нивниот сингл статус

Неколку жени од Редит споделиле како го прифатиле фактот дека се сингл и како успеале да ја пронајдат среќата и без романтичен партнер.

Поминете време работејќи на себе

„Сфатив дека да бидам со погрешната личност поради страв од тоа да бидам сама само би ми наштетило на долгорочен план. Повеќе сакам да поминам време работејќи на себе, постигнувајќи нешта за кои сум работела напорно, наместо да правам жртви за некој кој нема да ми дозволи да станам најдобрата верзија од себе.“

Одете на терапија

„Терапија. Единственото нешто што ме извади од мојот циклус беше терапијата.“

Разберете дека сте целосна личност

„Сфатив дека не мислев дека сум доволно ако не бев ‘дополнета’ од некој друг. Одлучив дека не сум половина, јас сум целосна личност без никој друг и треба да научам да бидам сама со себе или секогаш ќе зависам од некого. Мојот терапевт ме натера добро да се погледнам и да сфатам дека не бев своја личност, туку само дел од некој друг. Сега сум целосна личност сосема сама и го сакам тоа. Не знам ни дали сакам повторно да бидам со некого.“

Прочитајте книга

„Предлог за книга: Какво време да се биде сам од Чидера Егеруе (What a Time to Be Alone)“

Состанувајте се самите

„Се состанував со себе. Навистина. Одев на филмови, на вечера, си правев купка и едноставно ги правев сите активности што можев. На почетокот ми беше чудно и ми требаше време да се навикнам, но постепено престанав да се грижам што сум сама и уживав во своето друштво.“

Одете во теретана

„Почнав да одам на јога со неколку пријатели, а потоа во теретана. На овој начин многу се фокусирав на мене, во физичка смисла. Навистина се фокусирав да напреднам на училиште, а потоа во кариерата, додека ги растев пријателствата што е можно повеќе. Едноставно, сето време што го инвестирав во врската, го потрошив работејќи на себе и градејќи силен социјален круг. Ова направи да се чувствувам со најмногу самодоверба. Ми требаа околу 1,5 години. Сега сум во врска која чувствувам дека ме прави помоќна од што било. Не зависиме еден од друг, само сме навистина добар тим. Целото признание му го давам на времето посветено на себе.“

Потпрете се на семејството и пријателите

„Сфатив дека сум испуштила цел свет додека сум бил во врска. Слушајќи ги приказните за бившите на сите и гледајќи дека се во ред ми даде надеж. Најдов толку многу луѓе кои мислев дека се одлични и кои сакаа да минуваат време со мене. Претходно се чувствував многу безвредно. Моите пријатели и семејство ми помогнаа да ја видам убавината во светот.“

Фокусирајте се на нештата што ги сакате

„Поминав многу години сингл, но среќна. Особено кога гледам млади пријатели кои се венчале и почнале да се разведуваат. Се чувствувам како да избегнав куршум. Се фокусирав на нештата што ги сакав. Магистрирав, патував, работев на мојата кариера, на моите пријателства. Останав зафатена, станав поздрава и во подобра форма. Го сакав она што го гледав во огледалото. Како и да е, 2018-та ми беше најдобрата година досега. Многу нешта конечно се случија како што сакав и сега е првиот пат кога се почувствував навистина осамено бидејќи нема кај кого да си дојдам дома и да го споделам тоа.“

Во ред е да не бидете постојано среќни

„Знам дека е подобро за мене и за сите вклучени. Не сум 100% среќна со мојот живот, но среќна сум со одлуката да бидам сингл. Можам да работам на себе, да научам да се сакам и да го доведам мојот живот онаму каде што сакам да биде. Тогаш штом ќе се вратам на шините, патникот е слободен да се качи.“

Не заборавајте дека сте доволно

„Секогаш мислев дека не сум доволно добра и дека ми е потребна врска за да бидам некој. Секој во моето семејство го чекаше тоа. Моите последни две врски не беа толку добри. Првото момче ме изневеруваше, а второто, од најдолгата врска моја врска до тогаш, ме малтретираше вербално и емоционално. На почетокот мислев дека сум среќна, но по речиси четири години стана пекол. Тогаш еден ден тој кажа дека не бил сигурен за нас. Имал други планови со неговите пријатели. Одлучив дека е време за раскинување, нема повеќе викање, плачење и тага. Во тој момент почнав да се чувствувам среќна што сум сингл. Сега, 4 години во јануари, сè уште сум среќна што сум сингл. Можеби еден ден ќе го најдам вистинскиот, можеби не, но сега сум сигурна дека можам да бидам добра и сама. Одвреме-навреме ми недостига тоа чувство во стомакот (бакнеж, прегратка, малку секс). Се обидувам да се потсетам на ужасните сеќавања. Не бидејќи љубовта е лоша, туку бидејќи знам дека не можам и нема да бидам среќна ако си ја намалам самодовербата. Имам потреба и сакам да бидам среќна со себе. Дури тогаш можам да бидам среќна со некој друг.“

Не плашете се сами да правите нешта

„Почнав да правам многу работи. Звучи чудно, но испуштав нешта што ги сакав бидејќи немав со кој да одам. Па, еден ден си реков за*** го тоа и отидов сама во кино. Си поминав неверојатно. Тогаш си помислив, можам да го правам ова кога сакам. Можам самата да излегувам. Можам самата да си купам убава вечера. Можам да излезам цела вечер ако сакам. Почнав да уживам во слободата што доаѓа со тоа да се биде сингл. Единствениот проблем сега е што мислам дека никогаш нема да се откажам од таа слобода.“

Дознајте и зошто е убаво да бидете сингл додека студирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар