7 навики на многу сексуалните парови

7 навики на многу сексуалните парови

Во долгите врски и во браковите постојат падови и подеми, а тоа се рефлектира и во спалната соба. За среќа, ако работите не одат како што треба, секогаш може нешто да се преземе за да се поправат. Сексолозите ни откриваат 7 навики кои ги имаат паровите чија врска или брак остануваат сексуални и покрај долгиот период во кој се заедно.

7 навики на многу сексуалните парови

1. Ги прифаќаат несовршеностите

Животот не е совршен, па не е ни сексот. „Паровите кои често водат љубов не го прават тоа само во совршени услови, како на пример додека се на годишен одмор или кога децата не се дома. Во намерата да водат љубов не ги спречува ниту стресот, ниту обврските“, објаснува Холи Ричмонд, брачна советничка и сексуална терапевтка.

2. Великодушни се, но со здрава доза на себичност

Лесно е човек да се изгуби во желбата да постигне задоволство, но Кристи Оверстрит, клинички сексолог и психотерапевтка, вели дека партнерите со добар сексуален живот ги слушаат потребите на другиот, а исто така и јасно ги изразуваат своите.

3. Се чувствуваат задоволно во својата кожа

Честиот секс произлегува и од љубовта кон себе, односно од задоволството со себеси. „Личностите кои се задоволни од себе не се оптоваруваат постојано како изгледаат или мирисаат“, објаснува Оверстрит. „Сексуално успешните парови се чувствуваат удобно, секој поединечно и еден пред друг, т.е. немаат внатрешни препреки (комплекси) за да му се препуштат на сексот секогаш кога ќе им се пружи прилика.“

4. Ја негуваат меѓусебната доверба

Без меѓусебна доверба не може да има ни интимност.

5. Не чекаат да ги понесе страста

Сексуалните парови не чекаат да ги понесе страста, тие се свесни дека предиграта, која е особено важна за жените, ќе ги доведете до вистинското расположение.

6. Се забавуваат

Паровите кои се долго време заедно можат да почувствуваат дека страста им бледее, често заради факторот предвидливост. „Паровите треба да се забавуваат и да сфатат дека сексот не треба секогаш да биде сензуален“, вели Ричмонд.

7. Отворено кажуваат што ги возбудува

Кога со некого долго време го делите животот, а со тоа и постелата, станува тешко на глас да се каже што е она што ве возбудува. Џон Робинсон, гинеколог и сексуален терапевт ги советува партнерите, додека водат љубов еден на друг да си кажуваат нешто лично, да споделат некое свое длабоко чувство, бидејќи на тој начин, емоционално, но и физички ќе станат поподготвени за откривање на сексуалните желби.

Прочитајте и: Кои се и какви се најсреќните врски?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар