7 модни неуспеси што генерацијата Z ги врати во живот

7 модни неуспеси што генерацијата Z ги врати во живот

Како и секоја модна ера, ни денешната не е совршена, но новите генерации успеаја да оживеат некои стари, неуспешни трендови, на сосема нов и многу поуспешен начин. Честопати се случува на почетокот да не ви се допаѓаат некои модни трендови, а подоцна да не можете да живеете без нив. Генерацијата Z не ги доживеа сомнителните моменти на одредени трендови во првиот бран, така што ѕвонарките, кратките плисирани здолништа и чорапите над колена полека се враќаат во мода. Во продолжение ќе откриете кои модни неуспеси членовите на генерацијата Z ги претворија во вистински трендови, кои сега изгледаат многу подобро од оригиналните верзии.

Дуксери со натписи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VivaMake | Handmade Happiness (@viva.make)

Пандемијата го направи своето, па сакајќи да ни биде пријатно, дуксерите го преплавија модниот свет. Најпопуларни се оние со натписи, што може да се комбинираат со речиси сè: здолништа, хеланки и панталони.

Плисирани здолништа

Училишните униформи што ги носеа средношколци на Запад беа инспирација за овој изглед. Без разлика дали одите на прошетка, на работа или на забава, плисираното здолниште може да биде добар избор. Но, денес се комбинираат со патики или мокасини.

Долги чорапи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicja (@zakolanka)

Претходно, речиси секогаш ја комбиниравме бојата на чорапите со бојата на чевлите и никогаш не ни падна на памет да носиме црни или жолти чорапи со бели патики. На тоа му дојде крајот, па генерацијата Z ги врати во мода долгите чорапи, кои на едноставен, но впечатлив начин ја разбиваат монотонијата на комбинацијата на облека.

Нема веќе тесни фармерки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by morr (@morr.onlineshop)

Иако тесните фармерки не се целосно надвор од мода, широките фармерки се враќаат во тренд, кои најчесто се комбинираат со познатите „старки“.

„Танга“ фармерки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel ward (@rachelward_e)

Нешто слично на панталоните со низок струк кои беа вистински хит во 2000-тите, сега се во мода фармерки и панталони со процеп на колковите, а изгледаат како под нив да носите „танга“.

Багет чанти

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Byrdziak (@panna_anna92)

Овие мали чанти се повторно во мода, иако не се особено корисни затоа што во нив има место само за пари и евентуално, очила за сонце.

Чевли на платформа

Обувките на платформа, без разлика дали се чевли, сандали или патики, се повторно во мода. Ова е одлична вест за сите оние кои го сакаат начинот на кој чевлите на платформа ги прават повисоки, но сепак сакаат да им биде пријатно.

Прочитајте кои се најпопуларните модели на чанти за сезоната пролет/лето 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар