7 јасни знаци дека имате прекрасен сопруг

Дали постои совршен маж? Кога станува збор за физичкиот изглед, дефиницијата варира од човек до човек. Но, кога се работи за емотивен план, сите жени го бараат отприлика истото. Па, доколку ги препознавате овие квалитети во вашиот сопруг тоа значи дека сте направиле одличен избор!

1. Се чувствувате сигурно покрај него

Во друштво на добар сопруг, секоја жена се чувствува сигурно. Без оглед за каква сигурност станува збор, неговото присуство ѝ прави да биде мирна и безбедна, рушејќи ги сите нејзини стравови и сомнежи.

2. Ја јакне вашата самодоверба

Добриот сопруг никогаш нема да се служи со манипулации, без разлика дали станува збор за физички, емоционални или сексуални со цел да го добие тоа што го сака или да ја контролира својата сакана.

3. Ве турка кон напред

Добриот сопруг никогаш нема да ја ограничи жената при остварувањето на нејзиниот потенцијал. Тој ќе ѝ биде најдобрата поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Тој нема да дозволи својата сакана да се откаже од своите соништа.

4. Верен ви е

Неверството воопшто не му паѓа на памет, без разлика дали станува збор за физичко или емотивно. Во неговиот живот има место за само една жена, а тоа е неговата сакана и ценета сопруга.

5. Знае дека имате потреба од време за себе

Добриот сопруг знае дека квалитетниот брак се состои од компромиси меѓу две личности на кои им треба заедничко време, но и слободно време за своите интереси. Токму затоа и тој ве поттикнува да си ги следите интересите.

6. Ви дава простор да бидете своја личност

Ако го замилите за совет, тој ќе ви го каже своето мислење. Но, никогаш нема да се обиде да ви го наметне тоа мислење ниту пак очекува да размислувате како него. Тој премногу ве цени за вака да се однесува.

7. Секогаш сте му на прво место

Можете да се потпрете на него во секој момент од животот. Тој е секогаш тука да ве поддржи бидејќи вие сте најважната личност во неговиот живот.

Можеби ќе ве интересира и ова: Татко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопруга.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар