Татко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопруга

Бред Кирнс е писател и татко на 3 деца. На неговиот блог често пишува за родителството и семејниот живот. Читателите ја сакаат искреноста и топлината на неговите текстови, но една објава особено се истакнала. Тој напишал за навидум обичниот ден на неговата сопруга. Прочитајте го текстот и ќе ви стане јасно зошто илјадници луѓе се согласиле со него.

Татко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопруга

Масивен ден на работа денес. Го имавме месечниот состанок. Морам да патувам 5 часа со автомобил и воз.

Па, кога конечно ќе почнам, морам да седам таму цел ден и да работам важни работи и да имам големи разговори. Заморно е.

А што прави мојата сопруга? Ништо посебно навистина.

Сè што треба да направи е да ги разбуди двете момчиња, да ги облече и да ги нахрани додека го дои третото.

Без сомнение треба да бидат изнесени надвор или во парк за да ја истрошат целата енергија. Колку е лесно тоа. Сè што треба да направи е да ги организира нивните чанти, да ги најде нивните шапки, да спакува нешто за јадење и дополнителна облека и да им постави безбедносни појаси во автомобилот.

Додека се таму, ќе треба да го нахрани бебето уште еднаш бидејќи тоа е она што го прави. Без да го испушти треба да разговара и да им помага на другите да се качат и да се симнат од лулашките и да ги стимулира доволно за да не им стане здодевно. Навистина е лесно.

Потоа ќе дојдат дома каде што ќе им направи ручек. Веројатно нема да јадат. Па, додека се обидува да ги натера да одморат, ќе се вклучи на Интернет за онлајн шопинг. Продукти за дома. Каков живот! Зарем не би оделе сами во супермаркет со 3 деца?

Без сомнение на пладне ќе сакаат да ги возат нивните велосипеди, скутери и да трчаат надвор. Таа веројатно ќе седи и повторно ќе го храни Теди. Во 4 попладне ќе почнат да се заморуваат. Таа ќе се расправа со нив за глупави нешта како „Не го удирај брат ти“. Знам…

Потоа, во 5 попладне ќе сака да знае каде сум и како ми е. Продуктите ќе пристигнат, а момчињата ќе полудуваат. Треба да го држи Теди и треба да ги нахрани додека ја започнува нејзината вечерна рутина. Најверојатно ќе ѝ одговорам со порака „Ќе ти се јавам“, бидејќи сум премногу зафатен.

Таа ќе направи вечера, ќе ги гледа како јадат, ќе ги избања и ќе ги среди за во кревет, сето тоа за еден час и со една рака бидејќи сè уште го држи Теди. Изморена од постојаната тортура и немањето ни секунда за себе, повторно ќе ми се јави и ќе праша каде сум. Ќе биде уморна, фрустрирана и нема да сака да ја допрам. Ќе биде раздразлива и нема да сака ништо повеќе од туш, шампон и шолја чај.

Јас ќе се вратам околу 19:30 по мојот масивен ден. Таа ќе седи на нејзиниот телефон во близина на децата бидејќи не им се спие и сигурно сите купени продукти ќе бидат извадени бидејќи успеала да ги нареди само оние за во фрижидер.

Јас веројатно дури ќе треба да направам и вечера.

За време на викендите ќе му каже на Нокс дека има мотор бидејќи „тато работи многу напорно за нашето семејство“.

Како што кажав, денес е масивен ден за мене. Ти благодарам госпоѓа DaDMuM за сè што правиш за нас. Ти си лепилото.

Можеби по читањето на овој текст ќе сакате да ги побарате вашите мајки и сопруги кои седеле дома и да им се заблагодарите за целата напорна работа што ја завршиле за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар