7 чудни работи кои можат да ви го нарушат чукањето на срцето

7 чудни работи кои можат да ви го нарушат чукањето на срцето

Кога една личност вели дека има срцеви палпитации, таа мисли на внатрешното чувство дека нејзиното срце чука различно од вообичаено. Или пак, едноставно има свесност за чукањето на своето срце. Но, што ги предизвикува овие палпитации? Погледнете дел од најчестите причинители за нарушеното чукање на срцето…

7 чудни работи кои можат да ви го нарушат чукањето на срцето

1. Напади на паника

Доколку чувствувате дека вашето срце чука толку брзо, што би можело во секој момент да излезе од вашите гради, тогаш можеби станува збор за напад на паника. Според д-р Доши, тресењето, потењето и интензивното чувство на неизбежна пропаст се чести симптоми на ова психолошко нарушување. Понекогаш можеби ќе имате аритмија (необичен срцев ритам кој настанува од препрека во електричните сигнали кои водат до срцето) која е всушност предизвикана од напади на паника, па со едноставна посета на доктор ќе можете веднаш да ги отфрлите посериозните состојби. Нападите на паника кои се повторуваат можат да бидат третирани со психотерапија или во краен случај, со медикаменти за нарушување на анксиозноста.

2. Кофеин

Кафето ви чука побрзо од вообичаено? Пред да почнете да се грижите размислете колку шолји кафе сте испиле денес. Според кардиологот Брајан Колски, кофеинот е стимуланс кој го стимулира автономниот нервен систем (системот кој меѓу другото го контролира и чукањето на срцето), па токму тоа може да доведе до зголемување на палпитациите. Според д-р Колски, треба да го посетите вашиот доктор доколку забрзаното чукање на срцето е проследено и со вртоглавица или болка во градите, без разлика дали се сомневате на кофеинот.

3. Деконгестиви

Деконгестивите како псевдоефедринот (активна состојка во некои лекови за синусни и алергиски проблеми) се стимуланси кои исто така можат да резултираат со забрзано чукање на срцето. Според д-р Доши, овие лекови најчесто се безбедни, но сепак би требало да се посоветувате со вашиот доктор или фармацевт доколку имате и други медицински состојби. Ако имате срцева аритмија, на пример, вашиот доктор може да ви забрани употреба на некои од овие деконгестиви.

4. Дехидрација

Губењето премногу течности, непиењето доволно вода или комбинација од двете може брзо да доведе до дехидрација, која доколку е сериозна, може да води до срцеви палпитации проследени со сува уста, темна урина и грчеви во мускулите. Според д-р Доши, дехидрацијата предизвикува промени во електролитите на вашето тело, но и го намалува вашиот крвен притисок. Ова предизвикува стрес на вашето тело и како резултат, абнормално чукање на срцето. Токму затоа пијте вода поредовно, на телото му се потребни барем 2,2 литри вода секојдневно за да функционира оптимално.

5. Препишани лекови

Многу од лековите кои се препишуваат за астма или проблеми со тироидната жлезда, можат да предизвикаат палпитации. Според д-р Колски, некои медикаменти можат да влијаат врз начинот на кој други медикаменти се метаболизираат и токму тоа предизвикува промени во електричната спроводливост до срцето. Овие тахикардии најчесто не се причина за грижа, но знаат да бидат непријатни. Погрижете се вашиот доктор да знае точно кои лекови веќе ги примате со цел да ве заштити од оваа ситуација кога ќе треба да ви препише нови. Исто така внимавајте и на несаканите последици кои се набројани во информациите за лековите со цел да не паничите доколку се појават. Доколку вашите редовни медикаменти се причина за вашите тахикардии, тогаш разговарајте со докторот за друга комбинација.

6. Анемија

Најчесто предизвикана од недостаток на железо во крвта, анемијата значи дека вашето тело не создава доволно здрави црвени крвни зрнца кои соодветно го разнесуваат кислородот низ вашите ткива. И покрај тоа што не секогаш создава палпитации, луѓето со анемија може понекогаш да почувствуваат како дишењето им оди потешко. Според д-р Колски, бидејќи вие веќе имате помалку црвени крвни зрнца во телото, забрзаното чукање на срцето може да го зголеми протокот на кислород кога сте анемични.

7. Тешки метали

Луѓето кои работат на градилишта, како работници со метал или во други индустриски средини каде што има можност редовно да бидат изложени на жива, кадмиум или други тешки метали можат да развијат воспаление, тромбоза и други срцеви проблеми. Според д-р Колски, изложеноста на тешките метали може да биде директно токсична за срцевиот мускул. Тоа исто така може да предизвика и проблеми со електролитите, па тоа да резултира со срцеви палпитации.

Но, имајте на ум дека ниту еден срцев симптом не треба да се игнорира, па дури и да претпоставувате која е причината, сепак би требало веднаш да посетите доктор за да бидете сигурни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар