6 знаци што откриваат дека вашиот поранешен партнер навистина продолжил понатаму

Ако бившиот веќе не гледа заедничка иднина со вас, тоа ќе го сфатите кога ќе се сретнете, а тој едвај ќе ве погледне, кога ќе ви ги врати сите ваши работи или кога ќе откриете дека има нова девојка.

6 знаци што откриваат дека вашиот поранешен партнер навистина продолжил понатаму

1. Тој има нова девојка

Откривањето дека тој веќе продолжил со животот и нашол нова љубов е дополнителен удар за вашето его. Дури и ако сè уште чувства нешто за вас, тие чувства веќе не се исти. Сè што останало од љубовта се пријателството и заедничкото минато.

2. Ви ги вратил сите ваши работи

Ако поранешниот партнер одлучил да ви ги врати сите работи што останале во неговиот дом, тоа е јасен знак дека тој одлучил дека веќе немате заедничката иднина. Со тоа, тој сака да отстрани сè што го потсетува на вас и да ви каже дека нема враќање назад.

3. Не сака да разговара со вас

Случајните средби по раскинувањето може да бидат непријатни, но ако поранешниот партнер го сврти погледот и избегнува контакт со очите, тоа не е добар знак. Тој само сака да каже дека вие сте дел од минатото и веќе со вас не сака да има ништо. Вртењето на погледот настрана може да укажува и на засраменост, особено ако тој е виновникот што сте раскинале.

4. Јасни и недвосмислени пораки

„Никогаш веќе не сакам да разговарам со тебе“, „сакам нов почеток“, „не те сакам“ – ако ги слушнете овие зборови, не трудете се залудно. Веќе ништо не го врзува за вас, па ако ви ги каже овие зборови, кренете ја главата и продолжете напред, без да гледате назад.

5. Не сака да ве сретне

Тој свесно ги избегнува сите настани и собири каде што можете да се сретнете. Тоа може да биде многу болно, но во тој момент е во ред да ви биде тешко. Сепак, можеби тоа е единствената можност да запознаете некој нов.

6. Се оженил

Фактот дека поранешниот веќе има нова љубов не е лесно да се прифати, но ќе ви биде уште потешко ако се оженил. Така, тој јасно кажува дека продолжил понатаму и дека нема враќање назад. Во такви ситуации, треба да бидете колку што е можно посмирени и да го почитувате неговиот избор.

Погледнете кои се 6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар