6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиот

Изминатите неколку години ги поминавте со вашиот партнер, правевте сè заедно, а сега сето тоа се само спомени. Мислевте дека сте ја запознале личноста со која ќе го поминете остатокот од животот, но сега сфаќате дека не сте биле во право. Тешко ви е да го прифатите тоа, па погледнете низ кои фази треба да поминете додека да прифатите дека тој не е вистинскиот за вас.

6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиот

1. Шок

Не знаете што се случило. Целата љубов што ја чувствувавте до вчера ви исчезна од пред очи. Телото веќе не ви затреперува кога ќе ве погледне, а неговиот бакнеж не успева да го забрза ритамот на вашето срце како порано. Престанавте да ја искористувате секоја можност да бидете покрај него. Порано чувствувавте разочарување кога ќе почувствувавте дека не лежи покрај вас, а сега сакате да замине на работа пред вие да се разбудите. Сето тоа се случува одеднаш – љубовта ја нема.

2. Негирање

Мислите дека е само фаза низ која минувате. Но, се согласувате да одите на пијачка со вашиот колега по работното време затоа што барате друштво од некој друг, а не од човекот со кој делите сè. Никогаш не ве привлекувале други мажи или не сте барале бегство од љубовта што ја чувствувате. Сепак, ова е само фаза и верувате дека двајцата ќе бидете повторно заедно. Всушност, вие сте сигурни во тоа.

3. Лутина

Гневни сте затоа што не ви одговара на вашите повици. Не го изневеривте, па не можете да разберете зошто не посегнува по телефонот. На крајот на краиштата, сè што направивте беше љубовта што ја чувствувавте кон него давајќи му ги најдобрите години од својот живот. Вие не можете да го проголтате тоа и постојано им повторувате на сите што ве слушаат што сè сте направиле за него. Немаше да ги има пријателите што ги има сега ако не бевте вие. Немаше да ја работи работата од соништата ако вие не го натеравте да оди на интервју. Неговиот стан немаше да биде удобен простор за живеење ако не беа вашите вештини за уредување. Се надевате дека тој се сеќава на сето тоа секој пат кога ќе ја стави главата на скапите перници што вие ги купивте. Но, сè уште не одговара на вашите повици.

4. Преиспитување

Почнувате да ја доведувате во прашање вашата улога во врската. Постојано се прашувате што можевте да направите поинаку за да бидете посреќни. Можеби ако не работевте толку доцна и ако почесто бевте дома за вечерата, ќе можевте да поминувате повеќе време заедно. Се прашувате дали требаше да се запознаете подобро пред да ја започнете врската, па така можеби ќе имаше повеќе шанси да опстане. Или можеби требаше да велите „те сакам“ секоја ноќ пред спиење како што си ветивте дека ќе биде на почетокот на врската. Можеби сè ќе беше како порано ако се трудевте малку повеќе.

5. Депресија

Се прашувате каде сте. Изминатите неколку години ги поминавте со оваа личност, правевте сè заедно, а сега тоа се само спомени. Мислевте дека сте ја запознале личноста со која ќе го поминете остатокот од животот, но сега сфаќате дека не сте биле во право. Никогаш веќе нема да можете да сакате. Никогаш нема да сакате да останете повторно со скршено срце и ќе ѝ дозволите на вистинската љубов да ве одмине. Не сте станале од креветот со денови. Тагата ве обзема и не ви остава друг избор освен да ѝ се предадете. Се плашите дека никој друг маж нема да ве сака. Вие сте скршени и повредени толку многу што е невозможно да му дозволите на некој друг да влезе во вашето срце. Не можете да замислите дека работите ќе се подобрат.

6. Прифаќање

Верувате дека сè се случува со причина и тоа важи и за судбината на вашата врска. Задоволни сте со вашата одлука да се разделите и знаете дека така е најдобро за двајцата. Подобро да се разделите сега, отколку многу години подоцна, кога ќе биде уште потешко. И покрај тоа што едно поглавје од вашиот живот заврши, знаете дека тоа не е крајот на вашата приказна. Размислувате подобро отколку во деновите по завршувањето на врската и сега сакате да го исчистите патот што е пред вас. Љубовта што ја чувствувавте за вашиот поранешен партнер секогаш ќе биде присутна, како што се надевавте дека ќе биде. Но, му посакувате да биде среќен со некоја друга знаејќи дека тоа нема да бидете вие.

Прочитајте кои 6 знаци откриваат дека тој е вистинскиот за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар