6 знаци што откриваат дека тој е вистинскиот за вас

Вистинската љубов не значи само да бидете достапни кога партнерот ќе ве повика среде ноќ бидејќи има страшни кошмари. Не е доволно партнерот само да ви ветува дека ќе остане со вас до последниот здив, туку потребно е многу повеќе од тоа за да ја заслужи вашата љубов. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека тој е вистинскиот човек за вас.

6 знаци што откриваат дека тој е вистинскиот за вас

1. Тој не се бори за вашите битки наместо вас

Овој човек ве учи како да застанете на свои нозе додека тој само стои покрај вас. Тој не ве тера да се потпирате на него и да не знаете што да направите кога тој не е тука.

Без разлика каде е партнерот во моментот, вие знаете дека тој е во вашето срце за да ве охрабри и да ви даде сила. Тој ве охрабрува секогаш да бидете силни, да се борите и да застанете на сопствени нозе.

2. Вистинскиот човек ја разбира вашата емоционална нерамнотежа

Тој го разбира вашето „не знам“ и ви поставува бесконечно многу прашања сè додека не открие што не е во ред. Оваа личност бара начини како да ве расположи и да ве направи среќни. Тој прави сè што е потребно за да ви ја намали вознемиреноста.

Вистинскиот партнер не ги занемарува вашите емоции како што тоа го прават другите. Наместо тоа, тој ги прифаќа вашите хормонални превирања и ментални падови и секогаш е тука за вас.

3. Вистинскиот партнер прави да се чувствувате како совршено составена сложувалка

Тој не го избира полесниот пат и не ве остава сама. Наместо тоа, тој ги отстранува сите ваши несигурности и прави да се чувствувате безбедно и ве учи како да станете отпорни.

Вистинскиот човек не сака да ве гледа повредени. За него не е важно тоа што ги слуша истите работи одново и одново. Тој се однесува како првпат да го слуша тоа само за да ја извади целата агонија што се наоѓа во вас.

4. Прави да се чувствувате како да сте биле слепи пред да бидете со него

Овој човек го бои вашиот свет во нијанси што порано не сте ги виделе. Тој сака да гледа како блескате од среќа и секогаш се труди да гледа радост на вашето лице.

Вистинскиот човек прави да верувате дека сè уште постојат многу работи што не сте ги искусиле, без разлика на тоа колку години имате или колку искуства сте преживеале.

5. Вистинскиот човек не се чувствува загрозено поради вашата моќ

Вистинскиот партнер сака да види како цврсто стоите на земја, а ако паднете, тој е тука за да ви помогне да станете.

Тој никогаш нема да ве деградира само за да може да се чувствува супериорен и не чувствува дека вашата сила го прави него помалку вреден. Тој никогаш не би ја потиснал љубовта што ја чувствувате кон себе со цел да ве контролира.

6. Вистинскиот човек не се обидува да ја затемни вашата светлина

Нему не му пречи тоа што вашите пријатели сакаат да бидат околу вас, што се смеат на вашите шеги или што ви обрнуваат внимание додека зборувате. Напротив, тој се чувствува горд што ве избрал вас и не ве крие од своите пријатели. Наместо тоа, тој ве покажува пред нив не плашејќи се дека тие можеби повеќе ќе ве сакаат вас отколку што го сакаат него.

Прочитајте кои реченици жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар