Какви фризури ќе се носат ова лето?

Ако сте подготвени да ја промените фризурата, но сè уште не сте сигурни што точно сакате и барате инспирација, фризерите и стилистите најавија неколку трендови што ќе бидат популарни ова лето.

1. Рамни шишки

Какви фризури ќе се носат ова лето?

Иако шишките изгледаат добро на сите облици на лице, од текстурата на вашата коса зависи дали тие ќе изгледаат како што треба. Ако имате многу тенка коса, кратките шишки нема да изгледаат убаво. Најдобро е да разговарате со вашиот фризер за да откриете какви шишки ви одговараат според текстурата на вашата коса.

2. Неуредни шишки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Неодамна, Селена Гомез на својот профил на Инстаграм објави селфи со степенеста кадрава фризура инспирирана од 70-тите години и се претпоставува дека таквата фризура ќе биде хит ова лето.

Модерните неуредни шишки изгледаат одлично, ги потенцираат клучните коски, но и ги кријат недостатоците. Оваа фризура може да се направи на два начини: со ставање повеќе слоеви коса напред или со расфрлени прамени низ целата глава.

3. Лоб фризури

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kimberly Ibbotson (@kimberlytayhair) on

Лоб фризурата повторно ќе биде во тренд ова лето, што е всушност подолга „боб“ фризура, изведена од англиските зборови „long bob“.

Косата треба да има должина помеѓу брадата и рамената и може да „паѓа“ во форма на квадрат или во А-форма. Оваа фризура изгледа прекрасно, без разлика дали имате долго, тркалезно или овално лице.

4. Шишки настрана

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) on

Ваквата фризура ја покрива едната страна на лицето и затоа изгледа одлично на сите облици на лице.

5. Кратка и коса со средна должина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @villageparlor on

Многу дами сега сакаат фризура за која не треба да вложуваат многу труд, како пократка коса што може сама да се суши.

Косата со кратка и средна должина е најлесна за сушење и може да создадете забавни комбинации кои се лесни за одржување. Долгата коса е потешко да ја сушите и да ја стилизирате, освен ако не ја врзете во коњско опавче.

Погледнете кои 7 ретро трендови ќе владеат во текот на пролетта и летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар