6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!

Машките психопати можат да бидат исклучително шармантни за да ја привлечат жената.

6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!

Ќе зборуваме за мажите психопати. Можеби ќе речете дека ова е груб израз, и дека во денешно време веќе се користат поблаги варијанти, како што е „нарушување на личноста“ но дефинитивно може да се каже дека психопатијата е на граница помеѓу патолошката и здравата состојба на психата.

Мажите психопати се многу интересни за жените. Бидејќи овие луѓе можат да бидат многу шармантни, романтични, оригинални, образовани и интелигентни, тие често можат да ја изненадат жената со некаков бестрашен чин.

6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!

Првите знаци на психопатија, жените ги толкуваат како излив на голема љубов.

Еве како да препознаете психопат во 6 чекори:

  1. Првиот знак е преголема самодоверба. Тие секогаш се убедени дека се во право.
  2. Вториот знак е патолошко лажење.
  3. Третиот знак е различното претставување во јавноста (тој прикажува едно лице на работа, а дома сосема поинакво).
  4. Четвртиот чекор е љубомората.
  5. Петата точка е заканувањето. Внатрешниот свет на мажите психопати е исполнет со борби, закани и насилство.
  6. Шестата точка е неможноста да ја контролира агресијата. Тој скоро секогаш избувнува и не може да се сопре.

6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!

Многу жени кои се во врска или во брак со таков човек на крајот стануваат жртви. Стравувајќи од таа личност, тие со години остануваат со нив. Стравот ги парализира и поради тоа не можат да го прекинат односот со таквата личност. Тие живеат во еден маѓепсан круг од страв, страдања и закани.

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар