Како се однесува секој од тинејџерските хороскопски знаци за време на летото?

Секој хороскопски знак е уникатен и има посебни карактеристики по кој е препознатлив. Токму затоа и летото им влијае многу различно! Па, доколку сакате да знаете како се однесуваат знаците за време на најтоплите месеци во годината, продолжете со читање!

Овен

Прави нешто продуктивно 5 секунди, па се откажува и се враќа на спиење.

Бик

Цело време мисли на продуктивни задачи, но го преседува целиот ден без да заврши ниту една обврска.

Близнаци

Ги повикуваат сите што ги познаваат кај нив дома.

Рак

Се нервира бидејќи е многу жешко, но јаде многу сладолед, па тоа го смирува.

Лав

Оди на секоја можна плажа и пробува да собере што е можно повеќе телефонски броеви.

Девица

Ја организира следната учебна година, купувајќи училишна опрема и есенско-зимски алишта уште во јуни.

Вага

Поголемиот дел од времето го поминува со своите пријатели, без разлика дали се стари или нови.

Скорпија

Или не се прибира дома, или седи на компјутер цел ден – нема средина.

Стрелец

Тој е еден од пријателите што се чини дека секогаш е на одмор!

Јарец

Некако успева да го задржи распоредот за спиење и ги завршува летните обврски многу брзо.

Водолија

Останува будна до 4 часот навечер и потоа заспива исцрпена од сурфањето на Интернет.

Риби

Гледаат многу филмови и се нервираат бидејќи не можат да се замотаат во ќебе.

Прочитајте и како се однесуваат хороскопските знаци на плажа.

Автор: Ана Патриклиева

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар