6 знаци дека тој не е вклучен во вашата иднина

6 знаци дека тој не е вклучен во вашата иднина

Имате партнер, но не се чувствувате исполнето и среќно? Постојат некои знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот партнер нема да биде дел од вашата иднина. Ако ги препознавате овие „симптоми“ во вашата врска, тогаш тоа е сигурно така.

6 знаци дека тој не е вклучен во вашата иднина

1. Партнерот не ве третира најдобро во моментов

Не треба да останете со некој надевајќи се дека ќе го промени своето однесување, дека ќе ги исполни вашите очекувања и дека нема да постапува онака како што до неодамна постапувал. Доколку некој не ве третира добро, треба да си заминете, бидејќи иднината со него нема да биде поразлична од вашата сегашност со нив. Тој нема магично да се претвори во поинаков човек доколку сте заедно доволно долго. Давањето 1 или 2 шанси можеби има смисла, но давањето 3, 4, 10 или 20 шанси е само давање на дозвола срцето да ви биде скршено.

2. Имате сосема различни визии за иднината

Сакате толку различни нешта, па не е можно да се дојде до компромис. Без разлика што и да одлучите, едниот од вас би бил несреќен. Еден од вас би завршил навреден од другата личност. Тоа не е ризик кој би требало да го преземете, дури ни во љубовта. Можеби е тешко да се прифати, но треба да запомните дека дури и кога двајца се сакаат еден со друг не секогаш треба да останат заедно. Некои треба да се разделат за да можат да напредуваат и двајцата.

3. Вие дури и не зборувате за иднината

Не сте разговарале за тоа каде води вашата врска. Не сте разговарале за тоа каде планирате да живеете или колку деца сакате да имате, или пак дали бракот е нешто што ви е во план. Не сте споделиле детали еден со друг бидејќи сте фокусирани на она што ви се случува во моментот. Додека уживањето во моментот може да биде убаво одредено време, но доколку планирате да останете заедно, вие мора да бидете сигурни дека се движите во ист правец. Мора сериозно да разговарате за да бидете сигурни дека плановите не ви се разликуваат. Вистината е, доколку ни еден од вас не размислува за иднината, можеби тоа е затоа што не се гледате себеси покрај другиот во иднина.

4. Вашата врска не созрева како што вие двајцата созревате

Нема да бидете иста личност 1 година од сега, како што не бевте ниту минатата година. Луѓето се менуваат, па и вашата врска треба да се промени. Треба да се развивате заедно. Доколку сè уште имате исти недоразбирања како што имавте на почетокот на вашата врска, нешто не е во ред. Требало да ги надминете таквите моменти до сега.

5. Вашата врска не ве прави среќни

Нема секогаш да чувствувате „пеперутки во стомакот“ во долга врска. Нема засекогаш да останете во фазата на заљубеност. Но, вашиот партнер треба да ви причинува повеќе радост отколку стрес. Треба да ви предизвика поголема возбуда отколку разочарување. Доколку партнерот престанал да претставува извор на среќа за вас, неговото место во вашиот живот можеби не е постојано.

6. Не ги сакате истите работи кои ги сакавте кога започнавте да се забавувате.

И тоа е сосема во ред. Во ред е да го промените мислењето. Во ред е да се стави крај на врската. Во ред е ако оваа личност не е ваша засекогаш. Тоа не ја прави помалку важна за вас.

Можеби сакате да прочитате и зошто љубовта кон вашиот партнер исчезнала и како да ја вратите назад во врската?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар