Зошто љубовта кон вашиот партнер исчезнала и како да ја вратите назад во врската?

Зошто љубовта кон вашиот партнер исчезнала и како да ја вратите назад во врската?

Дали ви се случило да бидете лудо вљубени во вашиот партнер, но по одредено време да сфатите дека љубовта исчезнала? Ова може да му се случи секому и не треба да се сфаќа толку трагично. Вљубувањето се случува кога двајца луѓе се привлекуваат меѓусебно и се чувствуваат доволно сигурно еден покрај друг за да можат да ги откријат нивните автентични чувства, односно да ја покажат својата ранливост. Страсната љубов не се раѓа само од хемијата, туку и од почитта, разбирањето и лојалноста.

Зошто љубовта кон вашиот партнер исчезнала и како да ја вратите назад во врската?

Па, зошто ова чувство избледува?

Стравот надвладува со врската

Стравот од одбивање и стравот од загуба на партнерот или на сопствениот идентитет се најголемите убијци на љубовта. Сите влегуваме во врските со одредени стравови. За да можеме да ја зачуваме љубовта, мора да се справиме со тие стравови на здрав и продуктивен начин. Доколку сте научиле да се штитите од овие стравови, како што тоа го прават многумина, наместо да се соочите со нив, ќе почнете да ја саботирате врската. Повеќе нема да се чувствувате безбедни и поврзани, бидејќи ќе се обидувате да се заштитите себеси и да ги контролирате работите.

Ова се неколку примери на такво однесување:

  • Станувате лути, критикувате, осудувате, обвинувате, засрамувате, имате премногу барања, напаѓате, се браните и објаснувате.
  • Се затворате, се повлекувате, се воздржувате, се обидувате да одолеете и лажете.
  • Станувате напорни и се претворате во жртви.
  • Создавате зависност од храна, алкохол, дрога или активности како што се, работата, гледањето телевизија, одењето на шопинг, трошењето пари, играњето видеоигри, сексот, гледањето порно филмови, изневерувањето и слично.

Кога реагирате на вашите стравови така што го затворате вашето срце и се обидувате да ја контролирате врската, тогаш не можете да го слушнете, цените и сакате партнерот. Романтичните чувства не можат да го преживеат ваквиот начин на однесување. Дури и партнерите меѓу кои постои силна физичка привлечност ја уништуваат љубовта во вакви околности.

Зошто љубовта кон вашиот партнер исчезнала и како да ја вратите назад во врската?

Па, како повторно да се вљубите?

Дури и да мислите дека сета љубов исчезнала, ако еднаш сте биле вљубени во некого, можете да го вратите тоа чувство. Но, тоа нема да биде возможно без да ги надминете вашите стравови. Мора да обрнете внимание на вашите внатрешни проблеми наместо да ги одбегнувате со негативен начин на однесување. Пред да се вљубите повторно во вашиот партнер, мора да се вљубите во себе. Тоа значи дека треба да научите како да се гледате, слушате, цените и почитувате себеси. Треба да си дадете таква љубов каква што очекувате од вашиот партнер.

Кога ќе научите да се сакате себеси, ќе можете да ги надминете стравовите

Кога ќе се видите, слушнете, цените и почитувате себеси, нема да се плашите од одбивањето. Иако никој не сака да биде одбиен, сите ние престануваме да се плашиме од тоа кога се сакаме себеси, бидејќи не го сфаќаме лично. Не мислиме дека нечие одбивање или прифаќање е точен показател на нашата вредност.

Кога одбивањето нема повеќе да биде вашиот најголем страв, нема да бидете ранливи поради вашите несигурности и страв од губење на идентитетот. Кога ќе се сакате себеси, ќе научите како да го полните срцето со љубов којашто ќе можете да ја споделите со вашиот партнер. Само тогаш кога навистина ќе го цените вашето битие, вашето суштинско „јас“, ќе можете да го согледате и цените битието на вашиот партнер.

Доволно е само еден од вас да почне да се сака себеси за да опстане врската. Кога еден од партнерите ќе се ослободи од негативните начини на однесување и ќе премине на негување љубов кон себеси и партнерот, тоа може да ја претвори нефункционалната врска во љубовна и продуктивна.

Наместо да мислите на раскинување или развод кога љубовта ќе исчезне, зошто да не пробате прво да научите како да се сакате себеси? Само така ќе можете да доживеете вистинска и вечна љубов со вашиот партнер. Колку побрзо почнете да го правите тоа, толку подобро.

Во продолжение дознајте и дали љубовта кон вашиот партнер исчезнува секогаш кога срцето ќе ви затрепери поради друг човек.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар