6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

Во просек луѓето пешачат околу 250 километри годишно. Поради ова од голема важност е да најдете обувки што нема да ги оштетат вашите стапала. Иако е во ред да се грижите за вашиот изглед, вашето здравје е поважно. Па затоа погледнете кои видови чевли навистина му штетат на вашето тело.

1. Чевлите со шпиц можат да бидат премногу тесни

6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

На широките стапала не им годат чевлите со шпиц. Тие се премногу тесни и создаваат многу притисок на прстите на нозете. Доколку ги носите често, може да се појават болка и меури. Па, пред да купите модерен пар чевли со шпиц, пробајте ги за да се осигурите дека ви е навистина удобно во нив.

2. Апостолките можат да предизвикаат сериозни искривувања

6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

Апостолките се одлични за во лето и за на плажа, но ова не е секогаш вистина. Пред сè не можете да ги наречете удобни бидејќи создаваат триење помеѓу прстите и ја оштетуваат кожата. Покрај тоа, честото носење апостолки може да предизвика искривување во глуждовите и колената бидејќи стапалата немаат правилна поддршка. Исто така додека пешачите со овие обувки многу побрзо се изморувате.

3. Високите потпетици ги оштетуваат нервите

6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

Жените ги сакаат чевлите со високи потпетици бидејќи во нив изгледаат неверојатно, но штетата може да биде многу поголема отколку што мислите. Честото носење чевли со високи потпетици може да предизвика истегнување, зараснати нокти, оштетување на нервите и болки во долниот дел од грбот. За да се ослободите од овие проблеми, препорачливо е секојдневните чевли да не бидат повисоки од 7,5 центиметри.

4. Рамните чевли создаваат притисок на плантарната фасција

6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

Можеби ќе ве изненади овој факт, но и рамните чевли можат да ги оштетат вашите нозе. Причината е што не нудат никаква поддршка, а со тоа создаваат притисок на плантарната фасција – тетивата што ги поврзува прстите на ногата со коската на петата. За среќа, нема потреба да се ослободите од рамните чевли, туку можете да купите ортопедски влошки.

5. Лесните и меки патики за трчање предизвикуваат повреди

6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

Патиките за трчање, носете ги само за трчање. Доколку ги носите секој ден бидејќи ви се удобни, ќе ги оштетите стапалата бидејќи овие обувки се премногу флексибилни и меки. Атлетските чевли со поцврст ѓон се секогаш побезбедна опција.

6. Чевлите со платформа го нарушуваат механизмот на одење

6 видови чевли што можат да му наштетат на вашето тело

Чевлите со платформа не се флексибилни и имаат груба подлога за ногата. На стапалата им се потребни флексибилни обувки бидејќи треба да се свиткаат на одреден начин. Овие чевли го прават спротивното и целосно го нарушуваат механизмот на одење. Па, најдобро е да ги носите што поретко.

Погледнете и кои се најголемите грешки што сите ги прават со патиките и чевлите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар