6 причини зошто вистинскиот маж нема никогаш да ја изневери онаа која вистински ја сака

6 причини зошто вистинскиот маж нема никогаш да ја изневери онаа која вистински ја сака

Изневерувањето воопшто не изненадува во времето во кое живееме денес. Вистинските вредности се сѐ помалку присутни, врските се сѐ пократкотрајни, а неверствата се почести. Ретки се оние парови кои успеваат да опстојат во моногамна врска за разлика од оние кои уживаат во слободата и правењето сѐ што ќе посакаат. Иако веројатно не постои машко што лесно би одолеало на убава девојка без разлика дали е веќе зафатен, вистинскиот маж никогаш не би ја изневерил жената која ја сака. Зошто?

(1)-6-prichini-zoshto-vistinskiot-mazh-nikogash-nema-da-ja-izneveri-onaa-koja-vistinski-ja-saka-kafepauza.mk

1. Бидејќи ја почитува пред сѐ останато

Она што е целосно несфатливо во објаснувањето на машките фатени во неверство е кога ќе речат дека сѐ уште ја сакаат девојката. Како е можно да сакаш некого ако не го почитуваш? Вистинскиот маж ја почитува жената која ја сака, а со самото тоа никогаш не би направил нешто што би ја изневерило нејзината доверба и би уништило сѐ меѓу нив.

2. Бидејќи никогаш не би ја повредил

Неверството од саканата личност повредува на начин на кој имате чувство како секоја коска во вашето тело да се крши, а после тоа врската (ако сѐ уште постои) никогаш нема да биде иста. Знаејќи го тоа, вистинскиот маж никогаш намерно не би ја повредил жената која ja сака бидејќи се грижи за неа, си поставува за цел да ја направи среќна и се придржува до тоа. Тој е искрен и посветен да ја задржи покрај себе бидејќи знае колку е среќен што успеал да ја најде.

3. Бидејќи знае што навистина вреди во животот

И тоа не е уште една девојка чие име ќе го заборави уште следниот ден. Вистинскиот маж знае што има покрај себе и не би го загрозил тоа за ништо на светот. И иако можеби мажите се водат по филозофијата што повеќе, тоа подобро, тоа не е случај кога станува збор за жената со која планираат да го поминат животот заедно. А љубовта и сето она што таа има да му го даде вреди милион пати повеќе од 2-минутното задоволство.

4. Бидејќи е емоционално стабилен

Само незрел маж би ризикувал да изгуби нешто прекрасно и убаво во животот. Само маж кој не знае што сака би направил нешто што би ја загрозило врската која ја има со онаа која наводно ја сака. А таков маж не ѝ е потребен на ниту една жена. Вистинскиот маж е емоционално стабилен и целосно способен да ги контролира и насочува чувствата, желбите и потребите. Иако можеби не секогаш лесно ќе ги сподели со својата девојка, тој ќе најде начин да ги искаже и соодветно да се справи со нив.

5. Бидејќи има храброст да ја прекине врската

Вистинскиот маж попрво би раскинал со девојката отколку да ја изневери додека се во врска. Тој ги знае своите граници, а фактот дека доста добро се познава себеси му овозможува да препознае кога е блиску да ги премине тие граници. Уште повеќе, тоа што ја почитува не му дава да ја прекрши довербата и врската која ја граделе заедно, па доколку сепак чувствува желба да биде со други жени, тој би ѝ раскинал на сегашната девојка пред да го направи тоа.

6. Бидејќи не чувствува потреба од ставање цртки

Машкоста не е оправдана со бројот на жени со кои бил мажот. Очајната потреба да спијат со што повеќе жени во својот живот на оние кои се нарекуваат себеси мажишта е, како што и пишува, ОЧАЈНА. Вистинскиот маж знае колку вреди и уште повеќе, знае што сака и што има. Свесен е што го прави вистински маж, а тоа е способноста да ја сака и почитува онаа со која избрал да биде.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар