6 новогодишни одлуки за вашето ментално здравје

На почетокот на годината нормално е да сакате да направите неколку промени. Но многу често целите што си ги поставувате овој период се нереалистични, па на крај сте премногу строги кон себе бидејќи речиси и да не сте исполниле ништо.

6 новогодишни одлуки за вашето ментално здравје

Оваа година новогодишните одлуки нека се однесуваат на вашето ментално здравје. Одберете што било што е помалку стресно и што ќе ви помогне да се грижите за вашиот убав ум. Ако вистински сте подготвени 2019-та година да ја направите поразлична и подобра, намалете со надворешните одлуки. Ова е годината кога треба да се грижите само за вас.

1. Поставувајте си едноставни прашања на почетокот од денот што ќе ве водат

Целта на овие прашања не е да ги одговорите точно, туку да ги чувате на врвот на вашата потсвест. Во текот на денот ќе забележите дека вашите мали постапки ќе ви помогнат да го најдете одговорот. Ако фокусот го префрлате на менталното здравје, можете да си поставите прашања како „Што можам да направам за да си покажам дека сум издржлив/а?“, „Како можам да си го смирам умот?“, „Како можам да си покажам љубов и сочувство?“ и слично. Поставете ги вистинските прашања и ќе се изненадите каде ќе ве однесат.

2. Култивирајте и држете се до техника за медитирање што ви одговара

Денес ќе најдете безброј информации за придобивките од медитацијата, и тоа е со добра причина. Медитацијата ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок, но и да ги намалите симптомите на анксиозност, депресија и несоница.

Дури и медитирањето од само 15 минути може да направи голема разлика, се разбира доколку го изведувате редовно. Оваа година конечно дајте ѝ шанса на медитацијата и обидете се да ја внесете во вашиот секојдневен распоред.

3. Обрнете внимание на повеќе нешта наместо само на телефонот

Кога го игнорирате вашето опкружување, без разлика дали поради Твитер или што било што ве оттргнува од сегашниот момент, лесно можете да ги испуштите деталите кои имаат потенцијал да ви донесат позитивност. Можете да испуштите можност да покажете добрина, а можно е да ја испуштите и добрината што ви ја нудат другите.

Па оваа година обидете се да бидете што е можно поприсутни во сегашниот момент. Приземјете се во сегашноста, дури и на најмали начини, како на пример помогнете му на странецот кој ве прашува за насока, или разговарајте со келнерот кој секојдневно ви служи кафе.

4. Самите носете се на состаноци

Времето поминато со себе е од голема важност за менталното здравје. Оваа година барем еднаш неделно одете на состанок со самите себеси. Посетете некоја уметничка галерија, вашата омилена кафетерија или пак пишувајте во вашиот дневник за нештата што ги сакате за себе. На овој начин ќе сфатите што навистина сакате и ќе почнете да ја цените личноста којашто сте. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко да го правите ова, но со текот на времето овие состаноци ќе ви станат омилени.

5. Прифатете ја позитивноста

Колку пати сте запомниле нечија критика, а не и комплиментот? Навистина е лесно да ги преувеличувате негативните искуства, а целосно да заборавите на позитивните. Всушност, луѓето се програмирани да го прават ова. Во новата година направете си цел да ги прифаќате позитивните работи околу вас. Во текот на секој ден сигурно ќе ви се случи барем едно убаво нешто, па одвојте барем 10 секунди за навистина да го почувствувате.

6. Оставете го перфекционизмот зад вас

Не сакате да бидете совршени. Сосема во ред е да бидете комплицирани, неуредни и несигурни. Во свет којшто е дизајниран за редење достигнувања со цел да напредувате, навистина е тешко да се ослободите од перфекционизмот. Но совршеноста што ја барате не постои во реалноста. Реалноста не е совршена, па зошто да бидете и вие? Покрај тоа кога вашата цел е совршеноста, потешко е да се чувствувате исполнето и да имате добро мислење за себе. Ослободете се од негативните мисли и критики што ги имате за себе и почнете да се чувствувате задоволно со личноста којашто веќе сте.

Погледнете ги и новогодишните одлуки коишто навистина можат да ви го променат животот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар