6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

Денес сѐ почесто маркетерите се обидуваат да „продадат“ производи и услуги кои ги пласираат како здрави и како такви тие можат да поминат кај младите луѓе кои се силни и здрави. Но, оние луѓе кои имаат хронични болести мора да бидат многу внимателни со трендовите кои ги следат.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

1. Интервален тренинг со висок интензитет

Луѓето кои сонуваат за совршено тело мислат дека овој тренинг е вистинска магија. Но, една студија спроведена од Универзитетот Рутгерс покажала дека оние кои вежбаат на овој начин со брзо темпо се посклони кон повреди и страдаат од воспаление на колената и рамењата. Затоа, доколку сакате да вежбате со овој интензитет, треба претходно да го подготвите телото со некоја друга физичка активност. Но, ако сте целосен почетник во вежбањето, а сакате да изгубите килограми, овој вид тренинг не е најдобрата опција за вас.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

2. Паста за заби со јаглен

Неодамна стана вистински тренд да се користи јагленот, не само за чистење на желудникот, туку и за козметички цели. Ако сакате да користите паста за заби што содржи јаглен, треба да запомните дека таа е абразивна. Чистењето на забите со оваа паста делумно ја уништува и глеѓта, која, за жал, не се обновува. Ова ќе ги направи вашите заби многу почувствителни, а ќе изгледаат и потемни. Дополнително, мали парчиња јаглен може да се залепат за пломбите и да ви предизвикаат иритација. Доколку сакате да имате совршена насмевка, доволно е да одите на редовни контроли кај вашиот стоматолог.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

3. Електронски цигари

Електронските цигари станаа многу популарни кај оние кои сакаат да се откажат од пушењето. За нив се верува дека се помалку штетни од обичните цигари. Но, бидејќи загреаните електронски цигари генерираат никотин аеросол, кој се состои од тутун и други хемикалии, тие се уште поштетни за здравјето на луѓето.

Врз основа на резултатите од некои проучувања на бронхијалниот епителиум кај луѓето кои пушат вакви цигари, се дошло до заклучок дека тие може да доведат до воспаление, оксидативен стрес и да имаат други лоши последици врз белите дробови и дишните патишта. Долгорочно, може да доведат и до хронична опструктивна белодробна болест и рак.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

4. Вагинално чистење со клизма

Овој метод на чистење може да доведе до промени во микрофлората на внатрешните гениталии, иритација, чешање и бактериска вагиноза. Исто така, ова може да го зголеми ризикот од развој на рак на грлото на матката.

Ако забележите некоја непријатност кај вашите генитални органи, не правете работи на своја рака и посетете лекар.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

5. Пиење витамини без рецепт

Лекарите често нѐ потсетуваат дека честото пиење витамини без препорака може да има негативни последици. На пример, земањето премногу витамин Ц може да доведе до формирање на бубрежни камења. Ако мислите дека не внесувате доволно хранливи материи, направете промена во вашата исхрана или консултирајте се со нутриционист кој ќе ви направи соодветна диета.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

6. Кегелови вежби

Кегеловите вежби се специјализирани за стимулација и тонизација на пелвичните мускули. Но, за овој вид на вежбање има многу контрадикции. На пример, ако некој има болка во карлицата или уринарна инконтиненција, овие вежби може да ги влошат работите или да им наштетат на мочниот меур и бубрезите. Исто така, многу луѓе ги прават овие вежби на погрешен начин или прават многу повторувања за да добијат побрз резултат.

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар