Мажите откриваат што навистина мислат за женските недостатоци

Лабави надлактици, целулит, влакненца на стомакот… секоја жена си наоѓа нешто кај себе што не ѝ се допаѓа. И секако, според жените, тие работи не им се допаѓаат ни на мажите. Но, факт е дека машките партнери не се толку критички настроени.

Мажите откриваат што навистина мислат за женските недостатоци

Ова го докажува една анкета на интернет, на која голем број мажи го дале своето мислење за т.н. проблематични зони на женското тело.

1. Лабави надлактици

„Јас никогаш не сум обрнал внимание на тоа дали рацете кај една жена се ‘дебели’ или ‘опуштени’, а знам дека вие жените постојано го правите тоа. Нас, мажите, можете да не поделите во повеќе категории, а ниедна од нив не е ‘мажи кои се палат на женски раце’. Ние сакаме гради, задник и нозе. Затоа, не грижете се.“

2. Пропорциите на телото

„Некои мажи сакаат преслаби жени, а некои сакаат покрупни жени. Постојат и мажи на кои им се допаѓаат сите типови жени. Многу често во списанијата ќе налетате на оној стереотипен женски изглед кој се пласира како совршен во машките очи, а никој не зборува за оние мажи кои сакаат цврсти и големи жени, жени со голем задник или ситни жени со мали гради. Сите сте убави.“

3. Големината на градите

„Постојат мажи кои сакаат гради во секакви големини – големи, мали, со големи брадавици, со мали брадавици. Оние гради кои ги имаат моделите кои постојано ги гледаме по списанијата, голем број од мажите никогаш не ги виделе во живо. Тие гледаат нормални гради, а не абнормално совршени гради во кои често има и импланти. На крајот од денот важи следново – доколку сакаш гради, сакаш гради. Нивната големина не е битна.“

4. Целулит

„Целулитот е нешто сосема нормално, а ние тоа го знаеме. Секако дека не е никаков проблем. И ние мажите имаме ‘пивски’ стомак, па кои сме ние да се буниме?“

5. Бројот на килограми

„На дел од мажите не им се допаѓа манекенскиот изглед кај жените т.е. кога тие се преслаби и изгледаат нездраво. Ние едноставно сакаме жени од секојдневието, со секакви пропорции.“

Кои се знаците дека еден сосема обичен маж е заљубен во вас?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар