6 несекојдневни и лесни начини да станете ментално посилни

6 несекојдневни и лесни начини да станете ментално посилни

Сигурно ви се има случено да се „распаднете“ и собирањето на вашите делчиња да не ви биде воопшто забавно. Сигурно тогаш сте си ветиле дека ќе направите сѐ за да станете ментално посилни. Ако некако ви избегало тоа ветување, или ништо не ви помогнало, погледнете ги овие лесни совети за да станете маж или жена од челик.

6-nekonvencionalni-i-lesni-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-stanete-mentalno-posilni-kafepauza.mk

1. Разделувајте

Кога сте соочени со некој голем предизвик сигурно пробувате да се скриете од него. Одложувањето нема да направи тој да исчезне, без разлика дали станува збор за губење тежина, вработување или станување ментално посилни! Сѐ што треба да направите е да го разделите предизвикот на помали чекори и да одлучите од кој ќе почнете.

2. Смирете се, веднаш

Кога сте под многу стрес навистина ќе ви помогне да бидете ментално посилни и да бидете „зен“. Користете топче за стрес, дишете длабоко, дури скокајте и на една нога – направете сѐ што е потребно да се смирите. Не бидете дел од проблемот туку бидете решението. Користете ја 4х4х4 техниката за дишење – вдишувајте 4 секунди, издишувајте 4 секунди и повторувајте го ова 4 минути.

3. Надеж

Иако е клише, премногу е вистинито. Кога нешто лошо ќе ви се случи се прашувате: „Зошто јас?“ Се прашувате што сте згрешиле за да заслужите нешто олку лошо и неочекувано. Наместо да гледате на тоа како нешто лошо, гледајте го како предизвик што можете да го надминете. Со други зборови, наместо како пречка, гледајте го како цел. Едноставно, барајте ја надежта.

4. Ценете ги благословите

Кога се чувствувате како животот да ве повелкол надолу, земете лист и запишете ги сите работи за кои сте благодарни. Може да биде нешто длабоко, како шансата за живеење или нешто наједноставно, како топло кафе на ладен ден. Човечно е да се задоволувате со тоа што го имате, па бидете благодарни за тоа. Правете го ова секој ден, ако треба направете и цела табела. Моќта на оние работи кои сте ги земале здраво за готово ќе ве прават ментално посилни секој ден.

5. Вкусете го вашиот успех

Визуализирајте ја вашата цел и евентуалниот успех за да бидете ментално посилни. Разликата од обичното мечтаење е тоа што визуализацијата на исполнетата цел, го става вашиот ум во позитивна состојба. Ви го дава оној поттик кој ви е потребен за да ги исполните сите соништа кои сте мислеле дека се невозможни. Наместо да ги замислувате последиците од неуспехот, замислете ги прекрасните придобивки доколку успеете. Ќе се изненадите кога ќе видете колку може да постигне вашиот ум штом ќе го замисли тој успех.

6. Опкружете се со позитивност

Зад секоја успешна личност стои група позитивни луѓе. За да бидете ментално посилни ви требаат луѓе со позитивни мисли кои ве туркаат на добар начин. Тргнете го оној пријател кој мисли дека крајот се наближува. Можеби ви требаат реалисти околу вас, но не ви се потребни песимисти кои ќе ја турнат чашата само за да ја наречат половина празна.

Прочитајте ги и овие 5 вистини кои ги знаат само ментално силните личности!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар