5 вистини кои ги знаат само ментално силните личности

5 вистини кои ги знаат само ментално силните личности

Ејми Морин е психотерапевт и лиценциран социјален работник и благодарение на својата работа запознала голем број луѓе кои успеале да се изборат со огромни предизвици. Во книгата „13 работи кои ментално силните личности не ги прават“ таа го објаснува концептот на менталната сила и стратегиите за избегнување на негативното однесување како самосожалувањето, завидливоста на успехот на другите и предолгото задржување во минатото.

5 вистини кои ги знаат само ментално силните личности

Накратко, од нејзината книга можат да се заклучат 5 вистини за ментално силните луѓе. Дали ќе успеете и вие да се препознаете во следниве размислувања?

1. Менталната сила не се огледува во строгото однесување – Ако сте ментално силни, не треба да се однесувате како робот, ниту пак да имате строга надворешност. Важно е само да се однесувате во согласност со вашите вредности.

2. Менталната сила не треба да биде причина за игнорирање на вашите чувства – Зголемувањето на менталната сила не бара од вас потиснување на емоциите. Баш напротив, треба да развиете длабока свест за нив и потоа да разберете како таа влијае врз вашите мисли и однесување.

3. Ментално силните личности не мора да се потпираат само на себе – Менталната сила не подразбира дека не ви е потребна туѓа помош или заштита. Баш напротив, токму признавањето на фактот дека не ги знаете сите одговори и признавањето дека ви е потребна помош е она што ве прави уште посилни.

4. Ако сте ментално силни, тоа не значи дека треба секогаш да размислувате позитивно – Претерано позитивниот став може да биде исто толку штетен како негативните мисли. Менталната сила се одликува со реалистични и рационални размислувања.

5. Развојот на менталната сила не е инспириран од потрагата по среќа – Менталната сила ќе ви помогне да бидете позадоволни во вашиот живот, но тоа не значи дека треба секој ден да се будите со помислата дека по секоја цена мора да станете посреќни. Она кон што треба да тежнеете е остварувањето на сопствениот потенцијал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар