50 слатки идеи да ја прославите вашата љубов кон неа, без никаков повод

50 слатки идеи да ја прославите вашата љубов кон неа, без никаков повод

Понекогаш дури и најмалиот гест е доволен за да направиме некого да се чувствува сакано и посебно. Па, зошто да чекате празници за да ѝ покажете на вашата сакана дека целосно го освоила вашето срце? Погледнете ги овие едноставни 50 начини да ја прославите вашата љубов во текот на обичните денови во годината…

1. Наполнете ѝ го станот со омилените грицки.

2. Наполнете го вашиот стан со нејзините омилени грицки.

3. Одете на јога час заедно со неа.

4. Одведете ја во спа центар.

5. Направете маратон со нејзините омилени филмови.

6. Пратете ѝ рачно напишано писмо.

7. Згответе го нејзиниот омилен оброк.

8. Јавете ѝ се за да ѝ кажете „Добро утро“ уште пред да ѝ почне денот.

9. Украсете ја нејзината бања со омилените свеќи, масла за капење и миризливи сапуни.

10. Бидете нејзин шофер цел ден и возете ја каде и да сака да оди.

11. Измасирајте ја од глава до пети.

12. Направете музичка плејлиста од нејзините омилени песни.

13. Качете ја на рамена и забавувајте се.

14. Изградете ѝ нешто самите (маса, рамка за фотографии…).

15. Средете ја вашата брада.

16. Јавете ѝ се на мобилен за да ѝ го чуете гласот.

17. Танцувајте со неа.

18. Слушајте ја.

19. Кажете ѝ дека е прекрасна и навистина мислете го тоа.

20. Фатете ја нежно за лице, бакнете ѝ го челото и гледајте како се топи пред вас.

21. Тргнете ѝ ја косата зад ушите.

22. Направете листа од сите нешто што ги сакате кај неа и дајте ѝ ја.

23. Смислете нагалено име само за неа.

24. Носете ги нејзините торби.

25. Одете некаде каде што ни двајцата не сте биле.

26. Направете ѝ појадок во кревет.

27. Завршете ги домашните обврски без да ја прашате.

28. Исчешлајте ѝ ја косата.

29. Купете ѝ свилени навлаки за перници.

30. Одете со неа на шопинг.

31. Запалете свеќи насекаде низ домот.

32. Купете ѝ ги омилените цвеќиња.

33. Ставете гориво во нејзиниот автомобил.

34. Испечете ѝ ја омилената торта или пита.

35. Одете на местото каде што сте го имале првиот љубовен состанок.

36. Научете ја нешто што вие обожавате да правите.

37. Одете на пикник.

38. Дозволете ѝ да ја избере вашата облека за денот.

39. Помнете ги нејзините важни датуми.

40. Бидете будалести со неа.

41. Земете ѝ милениче.

42. Помогнете ѝ да ги остави лошите навики зад себе.

43. Изненадете ја со викенд на море, во планина или во друг град.

44. Покажете ѝ ги фотографиите од вашето детство.

45. Гледајте го изгрејсонцето и зајдисонцето заедно.

46. Одете во забавен парк.

47. Подарете ѝ гравирано шише вино.

48. Прашајте ја што би сакала да прави.

49. Поканете ги нејзините родители на вечера за да им покажете дека семејството ви значи.

50. Кажете ѝ дека ја сакате, и мислете го тоа!

Погледнете ги и овие 20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска суперцврста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар