50 моќни потсетници од терапевти за личен развој

50 моќни потсетници од терапевти за личен развој

Сите се соочиле со тежок период во некој момент од животот. Во тие периоди може да ви биде навистина тешко да најдете каква било надеж за подобра иднина. Но сè што ви е потребно е друга перспектива. Доколку минувате низ тежок период, овие потсетници од терапевти ќе ви помогнат да го надминете тоа.

50 моќни потсетници од терапевти за личен развој

1. Замислете си дека стоите на железничка станица, а лошите мисли се возовите што поминуваат. Нема потреба да се качите на секој воз, набљудувајте го и оставете го да замине.

2. Пред да трошите време и енергија решавајќи проблем, осигурете се дека е ваш проблемот.

3. Престанете да очекувате дека ќе најдете утеха. Понекогаш тоа нема да се случи. Фактот дека врската завршила е единствената утеха што ќе ја добиете.

4. Вашите време и енергија се вредни и се трошат исто како и парите. Сигурно не ги трошите тешко заработените пари на нешта што се непотребни и што прават да се чувствувате ужасно, па престанете да ги трошите времето и енергијата на луѓе и нешта кои се непотребни и прават да се чувствувате ужасно.

5. Набројте што е можно повеќе срамни моменти за некој друг во една минута. Веројатно нема да се сетите на многу. Токму вака другите ги гледаат вашите срамни моменти.

6. Третирајте се себеси како што би третирале мало дете. Дали би му дале нездрава храна? Дали би му забраниле да спие? Дали би му дозволиле цел ден да го помине во кревет?

7. Вие го контролирате вашиот живот, не вашите родители, пријатели, шефот или општеството. Можеби тие ве оформиле, но не можете да го живеете животот обвинувајќи ги нив за сè, без да направите нешто за да си ја подобрите ситуацијата.

8. Само затоа што некој не купува куќа од милион евра, не значи дека куќата вреди помалку.

9. Не е преболување, туку движење напред.

10. Не обвинувајте се себеси за сè. Личноста којашто сте станале не е целосно поради вас, па престанете да се чувствувате лошо за тоа и престанете да се обидувате да се вратите назад во времето и да го поправите тоа. Но, можете да научите како да се справите со исходот.

11. Ова е вашиот круг. Одлуките што ги правите се во овој круг. Можете свесно да им дозволите на луѓето да влијаат на вашите одлуки, но дури и тоа е нешто што сте го направиле во вашиот круг. Постои и кругот на другите. Не сте одговорни за она што го прават луѓето во нивниот круг. Не можете да го живеете животот правејќи нешта во вашиот круг со цел да ги спречите другите да направат нешто во нивниот, и обратно.

12. Не можете да обвинувате некого за тоа како бил одгледан и што искусил, но можете да го направите одговорен за тоа како се однесува со другите поради тоа.

13. Престанете да се обидувате да ги разберете чувствата, само чувствувајте ги.

14. Немојте да бидете гневни на себе бидејќи не правите скокови и голем напредок. Напредокот е напредок, без разлика колку е мал.

15. Не чувајте ги нештата во себе. Замислете си дека сте балон – ако воздухот излегува бавно ќе биде многу попријатно отколку целосно да се наполни и да пукне.

16. Бидете со себе наместо да бидете сами.

17. Вашето минато можеби влијае на тоа кои сте, но не мора да ве држи како сидро.

18. Споредбата е крадец на среќата.

19. Што ако само си заминевте? Дали заборавивте дека можете да одлучите што ќе правите?

20. Не можете да ги спасите луѓето.

21. Никогаш нема да бидете среќни ако постојано се обидувате да им се допаднете на сите.

22. Бидете со луѓе какви што сакате да бидете.

23. Немојте да живеете во негативен емоционален момент. Негативните чувства како омраза, љубомора и гнев ќе поминат. Па почекајте да поминат пред да донесете одлука или да направите нешто важно.

24. Вашите симптоми на анксиозност се неудобни, но не се смртоносни. Обидете се да ги гледате како настинка. Лекувајте се, но ќе ви бидат потребни време и трпение.

25. Само затоа што нешто мислите, не значи дека е вистина.

26. Добрите луѓе можат да направат лоши нешта.

27. Не држете се за старите грешки. Ако почнете да ги анализирате, препознајте ги негативните мисли, а потоа почнете да поставувате цели или да мислите на нешто што го сакате. Обидете се да се фокусирате на позитивното и со текот на времето ќе го „истренирате“ вашиот мозок природно да размислува така.

28. Сè додека дишете… има време за промена.

29. Заменете ги старите лоши сеќавања со нови, добри сеќавања.

30. Кога луѓето сакаат да се убијат, многу ретко навистина сакаат да умрат. Тие сакаат да престане болката и се толку очајни што не можат да ја видат разликата.

31. Секое семејство е нефункционално, само на различни начини.

32. Одбирајте ги вашите битки. Животот е премногу краток, а вашиот мир скапоцен за да се грижите за нештата што воопшто не се важни.

33. Единственото нешто што можете да го промените е себеси.

34. Прифатете ги вашите проблеми и обидете се да живеете со нив. Животот не е совршен и секогаш ќе имате некаков проблем. Бидете благодарни за животот дури и ако не се чувствувате добро. Позитивноста е единственото нешто што нè прави среќни.

35. Животот не ви се случува на вас, туку се случува за вас.

36. Само затоа што се семејство не значи дека треба да ги сакате и да бидат дел од вашиот живот.

37. Ако плачењето ви е единствена опција, во ред е да го правите.

38. Размислете што е најверојатно да се случи наместо што е најлошото што може да се случи.

39. Обидете се да уживате во животот, а не само да „минувате“ низ него.

40. Да, ќе се чувствувате одвратно некое време, но сепак ќе го надминете и тоа.

41. Ако има лав зад вас, продолжете да одите. Само затоа што е зад вас не значи дека ќе ве нападне. Справете се со проблемите што ве напаѓаат во овој момент.

42. Во текот на денот кога не правите ништо, фокусирајте се на ништо. Затворете ги очите. Вдишете длабоко.

43. Никогаш не ја прифаќајте емоцијата од ситуацијата. Ако го направите тоа, ситуацијата ве контролира.

44. Не сте одговорни за постапките и однесувањето на вашиот татко.

45. Ако мислите дека повеќе не ви се потребни лековите, значи функционираат. Продолжете да ги земате.

46. Не сте правеле нешто отсекогаш, па не мора да го правите засекогаш. Секогаш можете да се вратите назад.

47. Советувањето нема секогаш цел да ја спаси врската. Негова задача е да ви помогне да сфатите што сакате и што е најдобро за вас.

48. Отфрлете го туѓото мислење. Не ви е потребно ничие признание.

49. Не треба да се потпирате на другите за вашата среќа, само ќе им ставите товар со вашите проблеми. Истото важи и за нив – не треба да се потпираат на вас за нивната среќа.

50. Навистина не изгледа дека сакате да умрете, само не сакате да страдате. Сосема нормална реакција е да не сакате да страдате, па работете да го намалите тоа.

Прочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар