7 најкратки совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден

7 најкратки совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден

Не постои човечко суштество на планетата кое не сака да биде среќно. Всушност да се биде среќен е сечија животна цел. Но, што е среќата? Неа не можеме да ја измериме и дефинираме објективно, стимулот за среќата е секогаш личен, посебен и уникатен за секого. На пример, додека еден актер е најсреќен кога неговата способност ќе биде вреднувана и препознаена преку громогласни аплаузи и стоечки овации, еден адвокат ќе биде среќен кога ќе го добие случајот, еден фризер ќе биде најсреќен кога ќе биде пофален од неговите клиенти за неговата посветеност и вештина…

7 најкратки совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден

Да се биде среќен значи да се биде слободен. Тоа не значи да се живее живот без проблеми, туку се состои во силата која ни е потребна за да ги решиме и пребродиме тие проблеми. Среќата не постои во минатото или иднината, таа постои во нашата сегашна состојба, во самите нас, додека се соочуваме со предизвиците на секојдневието. Во тој контекст, прочитајте ги 7-те најкратки и најефективни совет за среќата кои треба да си ги повторувате секој ден доколку сакате да застанете на правилниот пат кон успехот и конечно, среќата.

1. Помирете се со своето минато, за да не ви ја вознемирува сегашноста.

2. Тоа што другите го мислат за вас, не е ваша работа.

3. Времето лечи скоро сѐ. Дајте му шанса.

4. Немојте да го споредувате вашиот живот со животот на другите и немојте да ги осудувате. Вие немате никаква претстава за тоа каков е нивниот пат.

5. Престанете премногу да размислувате. Нормално е да не ги знаете сите одговори. Верувајте, нив ќе ги добиете кога најмалку ќе очекувате.

6. Никој друг не е задолжен за вашата среќа освен самите вие.

7. Насмејте се – не се сите проблеми во светот ваши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар