5 знаци дека вашата врска е навистина стабилна

5 знаци дека вашата врска е навистина стабилна

Понекогаш, кога се расправате со партнерот, навистина ви е тешко да се сетите што е она што ве прави совршени еден за друг. Но, научниците ги идентификувале главните карактеристики на здравите врски. Па, погледнете ги знаците кои покажуваат дека вашата врска е стабилна и ќе трае.

5 знаци дека вашата врска е навистина стабилна

1. Правите мали нешта еден за друг

Навистина треба да се грижите за малите нешта. Овие мали гестови кои покажуваат дека се грижите се моќен начин да ја зголемите позитивноста во врската. Од диплењето на неговата облека, до купување на нејзината омилена вечера, овие мали нешта се многу важни. Кога ќе се соочите со конфликт, ќе ви биде полесно да правите позитивни работи кои ќе го надминат негативното.

2. Си покажувате внимание

Нема потреба да имате секс секоја вечер за да имате фантастична врска. Многу парови се соочени со различно либидо. Но, дури и најмалите гестови на покажување внимание имаат голем удел. Физичкиот контакт покажува дека сакате да бидете блиски, да имате секс и создавате интерес за врската. Дури и кога паровите немаат секс, тие ја зајакнуваат нивната врска со физички контакт. Дури и прегратката може да го намали стресот, да ја намали депресијата и да го подобри имунитетот.

3. Имате слични манири и начин на зборување

Секогаш се интересни луѓето кои одбираат партнери кои личат на нив, но ова може и да биде знак за трајна љубов. Луѓето во добрите врски ги прифаќаат навиките, интересите и манирите на партнерот. По некое време можно е да ги прифатат и нивните цели и интереси. Ова е знак дека љубовта ќе трае.

4. Позитивно реагирате на вашите меѓусебни интереси

Тука се работи за обидите за емоционална конекција кои се или прифатени или одбиени. Во едно истражување биле набљудувани 130 нововенчани парови и се набљудувало што се случувало кога едниот партнер се обидувал да воспостави конекција. На пример, сопругот премногу сака птици и забележал некоја прекрасна птица надвор, п потоа отишол да ѝ каже на сопругата. Ова не е само за птицата, ова е шанса за парот да се зближи. Ако сопругата одговори со ентузијазам за птицата, наместо да се налути бидејќи ја прекинал во нешто, таа ја направила конекцијата. Среќните двојки кои останале во брак подолго од 8 години, во 87% од случаите одговарале на овој начин.

5. Верувате во посветеност

Кога станува збор за романсата, начинот на кој ги перципираме нештата постанува реалност. Воглавно, ако вашиот поглед кон врските е дека се среќни и исполнувачки, поголеми се шансите да бидете задоволни од вашата. Погледот што го имате кон врските потекнува од вашите родители. Децата кои изјавиле дека нивните родители биле среќни имале помали шанси да се разведат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар