Еве зошто сте навистина убави

Сте ги слушале родителите како безброј пати ви кажуваат, ве убедуваат и веруваат дека сте убави. Оваа фраза толку често ја употребувале што веќе не верувате дека е вистинита.

Еве зошто сте навистина убави

Навистина, кога ја слушате безброј пати од тетки, чичковци и пријатели помислувате дека го кажуваат тоа бидејќи немаат други зборови. А сигурно барем еднаш сте се запрашале што е тоа што ги тера да мислат дека сте убави.

Оваа фраза е покомплицирана од тоа дека сте само убави и малку посуптилна од тоа дека сте прекрасни, но на некој начин ве освојува. Меѓутоа, немојте никогаш да се сомневате во луѓето кои постојано ви покажуваат колку ве сакаат.

Постојаното размислување за ова ви го отежнува разбирањето на самата фраза. Навистина е фасцинантно да ја погледнете од туѓа перспектива. Иако секој ја кажува различно, оваа фраза сепак доаѓа од срцето. Вие сте убави, но не знаете зошто.

Вашиот безгрижен дух прави луѓето да се чувствуваат удобно. Вашата топлина и добрина прават да се чувствуваат како да се дома. Вашата широка насмевка што ја покажувате одвреме-навреме ги заробува оние коишто ја гледаат.

Можеби станува збор за вашиот интелект или вашата софистицираност и елеганција. Можеби покажувате вистинска страст за секое нешто што го правите. Можеби тоа е вашата способност да љубите и да го споделите срцето со секого. Вие сте инспирација за стотици луѓе.

Можеби тоа е начинот на кој го брчкате челото додека размислувате или начинот на кој вашата коса паѓа покрај вашето лице.

Сигурно постојат работи кои не ви се допаѓаат кај себе и ги сметате како недостатоци. Поради ова често ги „одбивате“ коментарите што ги добивате. Но, вие сте несовршени како и секој друг.

Можеби еден ден ќе сфатите дека сте малку посовршени од другите. Не заборавајте дека вие сте убави. Повеќе отколку што можете да замислите.

Дознајте и како да се чувствувате убаво и воодушевено од себеси.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар