5 знаци дека сте пораснале во нефункционално семејство

Во нефункционалното семејство, еден или повеќе од родителите, браќата и сестрите имаат проблеми со кои не се справуваат на здрав начин. Наместо тоа, остатокот од семејството мора да се адаптира за да преживее.

5 знаци дека сте пораснале во нефункционално семејство

Ако доаѓате од вакво семејство, тогаш ниту вие, ниту другите членови не можеле да ја избегнат оваа адаптација. Адаптацијата може да биде навистина тешка улога. Сепак, во здравото семејство би требало да бидете слободни. Не сте ограничени со никаква улога, а родителите ве охрабруваат целосно да се искажете. Имаат способност да ве прифатат, дури и ако тоа правело да се чувствуваат неудобно. Со други зборови, тие се адаптирале на вашето вистинско јас и сте ја имале слободата да се истражите себеси. Ако сте се нашле во некоја од следниве улоги, голема е веројатноста да доаѓате од нефункционално семејство.

1. Овозможувач

Во оваа улога сте се откажале од вашите потреби со цел да заштитите или да се грижите за друг член од семејството кој навидум имал посериозни проблеми од вашите. Можеби сте пораснале во личност која воопшто не обрнува внимание на своите желби. На пример, ако сте имале хронично болен родител, сте станале личност на која родителот може целосно да се потпре и сте жртвувале многу од вашето детство.

2. Одговорен

Сè сте направиле одлично. Можеби сте чувствувале дека сè треба да биде совршено. Навистина сте се потрудиле да ги направите родителите горди и веројатно сте биле под притисок да ја одржувате самодовербата на едниот или на двајцата родители. Веројатно сте биле добар ученик и често сте посетувале вонучилишни активности. Поради ова ретко сте се релаксирале и сте немале можност да бидете нормално дете. Големи се шансите да сте пораснале во личност на која навистина ѝ е страв да ги разочара другите. Ова може да биде причина за анксиозност.

3. Оддалечен

Сте ја добиле улогата на оддалечено дете и веројатно ве гледале како „најсебично“. Во главно, ова бил ваш потсвесен обид да се справите со болката во семејството. Тоа е одбранбен механизам кој ви помагал да ги поминете деновите и ноќите во семејство што е несреќно, насилно, што ве занемарувало, или е комбинација од сите. Како возрасен човек, веројатно сте станале личност која живее површински. Односно, не се вклучувате премногу во животите на другите и не им дозволувате тие да ви се приближат вам.

4. Проблематично дете

Со тоа што сте предизвикувале проблеми, потсвесно сте се обидувале да ги засените проблемите на семејството. Или пак, можеби тоа било начин да ја покажете болката што ја чувствувате. Луѓето ретко сами си ги доделуваат овие улоги. Обично има некоја потсвесна семејна динамика која ве турка натаму. Ова не е изговор за проблематичното однесување, но може да биде важен фактор. Кога подлабоко ќе го разгледате проблемот, ќе најдете поздрав начин за справување со истиот. Овие проблематични деца често стануваат проблематични возрасни освен ако немаат намера да станат посвесни и да се ослободат од тоа однесување.

5. Задоволувач

Оваа личност постојано се обидува да им го подобри расположението на другите. Нивната улога е да ги регулираат емоциите на другите, дури и на своја сметка. Како и овозможувачите, така и тие не им дозволуваат на другите да ја почувствуваат нормалната болка од животот. Задоволувачот избегнува конфликти и премногу се согласува со сите, дури и ако има сосема поинакво мислење. Оваа личност го игнорира својот гнев и своите чувства. Постојат моменти кога навистина е потребно да ги задоволете другите, но овие луѓе не одбираат, тие делуваат автоматски.

Погледнете и кои се проблемите во однесувањето на децата за кои се виновни родителите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар